Не е спремна за врска?
Веројатно многумина од вас имале прилика да слушнат како партнерот им вели дека тој/таа не е подготвен за врска. Некои од вас можеби мислеле...
... дека е вистина, а можеби никогаш ни не сте поверувале во таа изјава.
Најчесто, тоа е само блага верзија на оној кој не сака да биде во врска со вас. Оваа реченица е кажана со најдобри намери - не сакаат вие да бидете повредени и е еден вид на обид за одбивањето да биде што по безболно.
По оваа реченица најчесто следи и објаснувањето дека тој/таа само што излегол од една врска и не сака да скокне веднаш во друга, треба да биде малку време сам со себе и да ги среди мислите.
Или само не сака да биде повторно во врска, од стравот некој повторно да не биде повреден. Третата опција е дека во моментов, посветувањето на работата и кариерата е приоритет.
Колку и уверливо да звучи, најчесто луѓето можат да најдат време за некој со кој сакаат да бидат во врска. Има период каде ни треба време да се посветиме самите на себе, но тогаш зошто да залажуваме некој друг?
Не треба некој друг да ги пронаоѓа одговрите на таквите објасувања. Нема да помогне ако некому му ветите дека нема да го повредите, или дека ќе ја користите секоја шанса да бидете заедно. Ваквите објаснувања само може да ги влошат работите.
Најдобро е да го прифатите нивното одбивање како објаснување со 'добра намера' и да се сфатите дека тоа наскоро нема да се промени од било која причина. Можеби навистина во некоја друга прилика тој/таа ќе сака да влезе во врска со вас, можеби и нема да сака - но, сега очигледно не сака да биде со вас и единствено што ви останува е да го прифатите тој факт.