Зошто и мажите понекогаш глумат оргазам?
Дали мислите дека само девојките можат да одглумат оргазам? Ако одговорот на ова прашање ви е позитивен, бидете сигурни дека грешите. Да, и мажите понекогаш глумат оргазам.
Но, зошто?
Никој не знае баш точно со сигурност зошто, бидејќи истражувањата на оваа тема сè уште не се многубројни. Во првите истражувања уште од `90-тите, дури 95% од мажите тврдат дека успеваат да доживеат оргазам.
Но, 15 години подоцна, дури 28% од мажите отворено признале дека знаат да одглумат оргазам.
Најголемиот дел од мажите велат дека тоа го прават за нивната партнерка да не се чувствува лошо.
„Сакав побрзо да завршам, ама не сакав да се чувствува лошо“ - изјавил анонимен испитаник.
„Бев пијан“ - изјавил 33-годишен маж.
„Премногу пијан за да завршам до крај“ - изјавил и 32-годишен.
„Бев пијан и сакав да си легнам да спијам“ - 29-годишен.
Очигледно уште една причина е алкохолот, но тоа не може да биде и единствената причина. Зад лажните оргазми се крие уште една причина која е срамна за признавање за поголемиот дел од мажите.
Станува збор за мастурбирањето и навиките кои се учат од поголемиот дел филмови за возрасни, каде мажот „сам ја завршува работата“.
Поголемиот дел од мажите или не се свесни или едноставно се срамат да признаат дека станале зависни од комбинацијата на мастурбирање и гледање на порно - навика на модерното време.
Н. Г. | Црнобело