Како мажите ја бираат жената со која планираат да стапат во брак?

Кога се работи за ова прашање, мажите признаваат дека жената може да биде неверојатно секси и добра во кревет. Но, одличниот секс најчесто нема никаква врска со поставување на прашањето: Дали ќе се омажиш за мене?

kako-mazite-ja-biraat-zenata-so-koja-planiraat-da-stapat-vo-brak-001_copy_copy.jpg

Тоа едноставно не е доволно за брак. Всушност, вистината е дека сексот има многу малку врска, а најчесто скоро никаква.

Па тогаш, како мажите ја бираат жената со која сакаат да создадат иднина?

Едноставно. Ја одбираат жената која ги прави подобри.

Воедно, тоа е жената која се занимава со сите мали и навидум неважни работи поврзани со мажот. Онаа која е заинтересирана за чувствата на мажот, а не само за неговиот изглед.

Жената која е енергична. Онаа која ќе го сака мажот, но уште поважно – бираат жена која прво се сака себеси. Жената која плени со самодоверба, онаа покрај која се чувствуваат пријатно, ценето и доволно достојни за нејзината грижа.

Жената која точно знае каков е мажот и дека тој не е она со кое се занимава како професија.

Најпосле, тоа е жената која го прави мажот подобар отколку што е. Но, не затоа што таа налага, туку затоа што желбата за подобрување потекнува од него. Да стане подобра личност покрај неа, првенствено заради себе. 

Мажот секогаш ќе ја одбере жената покрај која верува дека ќе има подобар живот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg