9 чудни психолошки причини зошто се заљубуваме во некого
Љубовта и привлечноста се мистериозни работи. Постојат многу работи кои воопшто не ги разбираме околу нив, но од друга страна имаме и општо познати работи кои важат за сите на планетава.
Токму затоа, на бројни истражувања гледаме како на бизарни.
Но, од друга страна имаме и одредени општи правила.
Меѓу тие општи правила овие се најчудните:
1. Луѓето имаат тенденција да се вљубат во луѓе кои се слични на нив. Луѓе со кои делат вредности, животни искуства, години, ниво на привлечност...
2. Ако сакате некој да се заљуби во вас, тогаш добро е да личите на нивниот родител од спротивниот пол. Тоа значи боја на коса, очи, па и години. Децата на млади родители, почесто имаат тенденција да бараат помлади партнери.
3. Постои доказ кој тврди дека мирисот може да има големо влијание на привлечноста. Жените кои се во овулација имаат тенденција да преферираат мажи чии мириси откриваат поголеми нивоа на тестостерон во крвта. Мажите исто така, преферираат тип на жени кои се во одреден период од менструалниот циклус.
4. Отворениот став на држење на телото дава знак дека сте отворени за врска и делувате попривлечни.
5. Висината исто така, игра важна улога во привлекувањето. Тоа посебно важи за мажите.
6. Споделувањето на возбудливо или страшно искуство како скокање од авион, исто така, влијае на привлечноста.
7. Ако вие и личноста кон која имате симпатии живеете близу, поголеми се шансите тие симпатии да прераснат во врска, бидејќи почесто се гледате. Барем таков е случајот со студентите кои живеат по студентски домови.
8. Насмевката е уште еден фактор кој одредува дали сте привлечни. Истражувањата покажуваат дека луѓето секогаш се во потрага по позитивни партнери.
9. Најдобар начин да се заљубите е да ја запознаете подобро другата личност. Едно истражување покажало дека поголема е можноста одредени непознати лица да се перципираат како попривлечни откако ќе си постават 36 прашања за 45 минути. Интимноста можете да ја градите, само треба да се потрудите.
Н. Г. | Црнобело