Според тоа кое дете по ред сте во семејството: Каков партнер ви одговара?
Пронаоѓањето на идеалниот партнер секогаш е предизвик. За работите да бидат уште покомплицирани, психолозите тврдат дека голема поврзаност има кое дете по ред сте во семејството и кое дете по ред е вашиот партнер.
Ако се водите по ова правило, еве на што треба да внимавате:
Ако сте прво дете во семејството
Најдобар пар: Најмладото дете од семејството
Најлош пар: Друго прво дете во семејството
Во овој случај важи правилото „спротивностите се привлекуваат“.
Првото дете во семејството секогаш е организирано и ја одржува атмосферата позитивна, потсетувајќи го најмладото дете во семејството да не ги сфаќа работите толку сериозно.
Според истражувањата, најдобриот можен пар ќе биде оној во кој жената е првороденче, а мажот е најмал во неговото семејство.
Ако сте средно дете во семејството
Најдобар пар: Најмладото дете во семејството
Најлош пар: Друго средно дете во семејството
Лошо би било доколку се споите со уште едно средно дете, бидејќи ретко ќе се соочувате со проблемите и нема да отворате дискусии. Наместо тоа, емоциите ќе ги потиснувате и двајцата.
Средното дете добро си одговара со најмладото дете од друго семејство бидејќи тука постои баланс и можност за подобра комуникација.
Ако сте најмладото дете во семејството
Најдобар пар: Најстарото дете во семејството
Најлош пар: Друго најмладо дете во семејството
Врската меѓу две најмлади деца може да биде хаотична.
Најмладите деца се склони на финансиски проблеми и потребно е партнерот да биде поодговорен и да води социјален календар, план за плаќање на трошоците, план за средување и чистење низ дома...
М. Д. | Црнобело