Трите најважни врски кои ќе ги имате во животот
Сите сме ги имале оние врски во средно кога пријателот на нашиот иден „дечко“ ќе дотрчаше и ќе нè прашаше дали сакаме да нè спои. Кикотејќи двајцата одговаравме „да“.
Проблемот е тоа што со текот на времето тие врски стануваат сè покомплицирани.
Постојат само 3 важни врски во животот и без да ги поминете првите две, не можете да стигнете до онаа третата.
Затоа запаметете ги:
Вистинска врска во погрешно време
Ова е врската која сите ја имаме во одреден период од животот. Совршениот партнер кој ве усреќува, растете со него, учите заедно. Но, сепак знаете дека толку многу ве чека во животот, па се разидувате со објаснување „Животот е пред нас. Се надевам ќе најдеме нешто подобро од ова во иднина.“
Погрешна врска во вистинско време
Ова е врската која ве уништува, која ве растргнува, која ве учи кои сте и што не сакате да бидете. Ова е врската каде учите да бидете храбри, искрени, безобразни, тажни, лути и среќни во исто време. Овој тип на врска ви го превртува животот и светот наопаку. За подоцна да ве доведе до третата и најважната - онаа која што сте мислеле дека ја имате, но сте грешеле.
Вистинска врска во вистинско време
Оваа врска доаѓа по претходните две. И таа е онаа која ја имате сами со себе. Во неа учите како да ги пронајдете своите вредности, ставови и кои сте воопшто. Минатото сега се реди како сложувалка. Конечно се сакате самите себеси. Ова е најважната врска која некогаш ќе ја имате, бидејќи дури после неа ќе ги привлекувате еднаквите на вас.
М. Д. | Црнобело