Како затворените девојки покажуваат дека им се допаѓате?
Затворените девојки се навистина посебна категорија девојки за кои навистина ќе треба да се потрудите.
Тие околу себе имаат подигнато огромни ѕидишта кои е навистина тешко да ги искачите.
Но, ако сте доволно упорни во тоа ќе сфатите дека целиот труд навистина се исплател.
Додека се обидувате да го направите тоа, следните 10 знаци се одличен доказ дека сте на вистинскиот пат.
1. Ви даваат шанса
Тоа можеби звучи едноставно, но затворените девојки имаат навистина проблем кога треба да пуштат некого во својот живот. Затоа ако ви дадат прилика да ги запознаете подобро тоа значи дека за нив веќе сте посебни.
2. Се отвораат пред вас
Дури и ако станува збор за банални работи, како нивната омилена песна или боја, фактот што со вас споделуваат лични информации е знак дека со вас се чувствуваат удобно се подготвени чекор по чекор да ви откријат и нешто поважно.
3. Иницираат контакт
Затворените девојки најчесто чекаат до моментот кога ќе бидат 100% сигурни дека им се допаѓате, но ако одвреме-навреме тие први иницираат контакт, тогаш бидете сигурни дека им се допаѓате и дека се подготвени да ризикуваат со вас.
4. Не се затвораат пред вас
Кога ќе им се приближите или ќе ги прашате нешто лично, не се затвораат и не заминуваат. Одговараат на прашањата и ви дозволуваат да ги запознаете.
5. Ви кажуваат дека се затворени
Ако отворено ви кажуваат дека се затворени, со тоа ви даваат до знаење дека тоа е причината заради која вашата врска полека напредува.
6. Паметат ситници
Ако се сеќаваат на нешта кои сте им ги кажале пред неколку месеци или нешто што забележале на Фејсбук, тоа е начинот на кој ви даваат до знаење дека ги интересирате, но не би сакале тоа јасно да ви го покажат.
7. Тука се кога ви требаат
Затворените девојки ќе бидат секогаш тука за вас кога ќе ви требаат. Иако се плашат, ќе се појават кога нештата не ви одат во прилог и ќе ви покажат дека им значите.
8. Се зближуваат со вашите пријатели
Ако се трудат околу вашите пријатели, тоа е затоа што сакаат да дознаат повеќе за вас, бидејќи вашите блиски се оние кои најдобро ве познаваат.
9. Дозволуваат да влезете во нивниот интимен простор
Ако уживаат сами да шетаат низ паркот, да го гледаат зајдисонцето и сега одеднаш ви дозволуваат и вие да бидете дел од тоа - тоа е позитивен знак.
10. Прават работи кои не се типични за нив
Ги коментираат вашите слики или ви праќаат смешни пораки и вицови. Иако тоа не е типично за нив, со тоа ви покажуваат само колку им се допаѓате и само прашање на време е кога јасно ќе ви го кажат тоа.
М. С. | Црнобело