„Што ако“ прашања кои треба да си ги одговорите пред да се решите да бидете заедно засекогаш

Љубовните врски не се едноставни. Понекогаш не е доволна само љубовта или страста. Понекогаш потребно е да бидете пријатели кои се разбираат и поддржуваат.

shto-ako-prashanja-koi-treba-da-si-gi-odgovorite-pred-da-se-reshite-na-zaedno-zaseekogash-01.jpg

Но, што кога ќе наидете на проблеми и несогласување? Дали тогаш врската ќе успее да опстои?

50 прашања кои треба да си ги одговорите со партнерот за да знаете дали сте подготвени засекогаш да останете заедно:

1. Што ако еден од нас очајнички копнее по некаков вид на промени, но другата страна е целосно задоволна со статус кво ситуацијата?

2. Што ако развиеме преференција за различни хобија или интереси кои воопшто не се погодни за заедничко „трошење“ на времето?

3. Што ако навистина заработиме повеќе пари и имаме можност да се откажеме од работата?

4. Што ако станеме богати? Како на пример, ако станеме мултимилионери заради лотарија или Џекпот?

5. Што ако само еден од нас постигне професионален успех, а другиот не?

6. Што ако еден од нас продолжува да се бори, додека другиот најде задоволство во животот?

7. Што ако решиме да се започнеме бизнис заедно и ни успее, но, исто така, тој бизнис успее да ни ја компромитира врската?

8. Што ако сфатиме дека подобри бизнис партнери отколку љубовници?

9. Што ако еден од развие некаков сексуален порив, а на другиот му е непријатно да го задоволува?

10. Што ако сакаме сосема различни работи во кревет во одредена фаза од врската?

11. Што ако еден од нас престане да верува во сè што верувал претходно?

12. Што ако некој од нас открие тајна која го вознемирува другиот и едноставно не може да премине преку неа?

13. Што ако се развиеме во сосема различни луѓе од тие кои сме денес?

14. Што ако еден очајно сака куче, но намерата на другиот му е да чува мачка или златна рипка?

15. Што ако еден од нас се одлучи не рестриктивна диета која јадењето го прави далеку од забава?

16. Што ако сакаме да пропатуваме, ама немаме доволно пари за тоа?

17. Што ако се одлучиме да имаме деца, ама не можеме да забремениме?

18. Што ако мораме да станеме скромни и да живееме со помалку отколку што сме имале претходно?

19. Што ако изгубиме сè?

20. Што ако еден од нас е отпуштен или двајцата сме опуштени?

21. Што ако еден од нас одлучи да промени кариера подоцна во животот?

22. Што ако било кој од нас сака повторно да се образува?

23. Што ако еден од нас доживее непредвиден верско будење?

24. Што ако еден од нас се спријатели со личност која на другиот не му се допаѓа?

25. Што ако еден од нас развие блиско пријателство со некој од спротивниот пол?

26. Што ако еден од нас се чувствува несакан или непочитуван од страна на семејството на другиот?

27. Што ако еден од нас почне да презира личност која претходно и двајцата сме ја обожавале?

28. Што ако не се согласуваме за важни семејни прашања?

29. Што ако еден од нас почне да го презира местото во кое живееме, а другиот сака и понатаму да живее на тоа место?

30. Што ако нашата куќа изгоре, буквално?

31. Што ако се најдеме сред ураган или силен земјотрес или друга природна катастрофа?

32. Што ако не се согласуваме во нашите политички верувања?

33. Што ако еден од нас почне да старее побрзо, а другиот сè уште да изгледа младолико?

34. Што ако еден од нас стане зависен од нешто?

35. Што ако еден од нас сериозно се разболи?

36. Што ако еден од нас доживее сообраќајна несреќа и остане жив, но во кома?

37. Што ако еден од нас ја изгуби ногата?

38. Што ако еден од нас умре далеку пред своето време, оставајќи го другиот зад себе?

39. Што ако изгубиме некој близок пријател или роднина неочекувано?

40. Што ако еден од нас е жртва на ужасно злосторство?

41. Што ако еден од нас е обвинет за кривично дело (лажно или не?)

42. Што ако сме сведоци на ужасно дело?

43. Што ако на некој од нас му се случи нешто лошо за време на обична операција?

44. Што ако еден од нас е сексуално малтретиран на работа?

45. Што ако еден од нас мора да работи долги часови за еден подолг временски период?

46. ​​Што ако некој од нас почне да се чувствуваат несакан, осамен или запоставен?

47. Што ако еден од нас едноставно не може да излезе од депресија?

48. Што ако заборавиме зошто воопшто сме заедно?

49. Што ако не се согласуваме на чија страна ќе застанеме кога нашите пријатели ќе се разделат или разведат?

50. Но, што ако и после сите проблеми, останеме заедно и се сакаме повеќе од било кога?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg