Колку често среќните парови водат љубов?
Ако мислите дека сите парови кои не можат да одолеат на страстите и љубењето дури и во јавност се посреќни од вас и вашиот партнер - се лажете.
Темата на истражувањето кое траело цели 40 години, а во кое учествувале дури 30.000 испитаници, била интимноста меѓу партнерите и колку сексот е поврзан со нивната среќа, задоволство и квалитетот на врската, воопшто.
Резултатите од истражувањата потврдиле дека паровите кои водат љубов еднаш неделно се посреќни и позадоволни од оние кои го прават тоа многу почесто, но и од оние кои имаат секс двапати месечно или поретко.
Резултатите од истражувањето се објавени во американското списание „Social Psychological and Personality Science“.
Н. Г. | Црнобело