10 заповеди на жените кои ја знаат својата вредност
Нема ништо попривлечно за мажите од жена која зрачи со самодоверба и знае што сака од себе и од животот.
Жените кои ја знаат својата вредност не се задоволуваат со ништо помалку од она кое го заслужуваат а токму тоа ги прави неодоливи.
Што и да се случи, каде и да ве одведе животот не заборавајте на својата вредност...
Следните заповеди на жените кои ја знаат својата вредност нека бидат ваша лекција на која секојдневно ќе се сеќавате...
1. Никогаш не се расправајте со идиот – тој најпрво ќе ве спушти на негово ниво, а потоа ќе ве победи со своето искуство.
2. Никогаш не фрлајте со кал кон луѓето. Таа можеби нема стигне до нив, но со сигурност ќе остане на вашите раце.
3. Никогаш не сомневајте се во вашата привлечност. Запаметете: Вагата може да лаже, луѓето да завидуваат, а огледалото да биде сосема искривено.
4. Не барајте ги оние кои не ве бараат и не чекајте ги оние кои не ве чекаат.
5. Ако ви кажат дека вашиот воз помина, сетете се дека постојат и авиони и бродови.
6. Запаметете: Добрите нешта почнуваат да ви се случуваат кога ќе се оддалечите од негативните луѓе.
7. Наместо да ги бришете солзите од лицето, избришете ги луѓето од вашиот живот кои ве натерале да плачете. Не дозволувајте туѓите постапки да го уништат вашиот внатрешен мир.
8. Никогаш не се вртете назад, затоа што не можете да промените ништо што се наоѓа таму.
9. Никогаш не споредувајте се со другите. Не споредувајте го вашето здравје, сопруг, деца или плата.
10. Ако на својот пат не сретнете некој еднаков или подобар од вас, продолжете понатаму. Не постои пријателство со будали.
М. С. | Црнобело