Грешки кои 99% од жените ги прават во врската
„Постои мит дека луѓето се заљубуваат на прв поглед и нивната љубов трае засекогаш“ – вели Ен Итоко, психолог за љубовни врски.
Според неа, жената е таа која е темелот на врската па токму затоа, најчесто работи со жени.
После долгогодишно искуство таа ги издвојува следните 7 женски грешки како најголеми:
1. Држите премногу „лекции“
Главната грешка во врската се преголемиот број дискусии кои ги започнува токму жената. Наместо да објаснат што е проблемот, тие најчесто почнуваат да држат лекции за тоа како треба да се направат нештата. А, најчесто тоа се сосема неважни ситници.
2. Одите од една крајност во друга
Втора голема грешка што често жените ја прават е префрлање од една крајност во друга, од состојба на „секогаш достапни“ во „апсолутно недостапни“.
Тука треба да се нагласат две нешта:
- Кога жената е секогаш достапна на партнерот за интимност, без разлика како се однесува тој, таа ја губи вредноста како во своите, така и во очите на партнерот.
- Кога пак се однесува како остар лидер или „мајка„ во семејството, таа ја губи сексуалната привлечност на мажот, бидејќи во неговата глава „мајка“ и „секс“ се целосно спротивни работи.
Жената е комбинација на девојка и мајка. Овие два елемента ја прават да биде смирена и складна жена која знае што значи флексибилност.
3. Постојано го напаѓате
Жените често имаат тенденција да им кажуваат на мажите дека не ги исполниле нивните очекувања. Па често се служат со фразите „Ти ништо не работиш!“, „Можеш ли нешто да одлучиш?“ и слично. Заземањето на овој став кај него ќе предизвика незадоволство и речиси секогаш ќе прави спротивно од она што вие го очекувате од него.
Фразите од типот „Знаеш ли колку сум тажна?“ или „Несреќна сум, бидејќи мислев дека разбираш кога ти објаснив колку ми е тоа важно“, ќе му дадат до знаење дека и тој има удел и одговорност за вашата вознемиреност. Иако мажите не ја сакаат одговорноста, ќе направат сè за нивната сакана да се чувствува пријатно за потоа да не бидат одговорни за нејзиното незадоволство.
4. Не можете да препознаете што е среќа
Во текот на 15-годишната кариера како психолог Итоко забележала дека жените со различен статус, години и искуство прават иста грешка.
Во сфаќањето за она што значи вистинска среќа голема улога имаат родителите. Тие на своите ќерки треба да им понудат чувство на среќа кое нема да биде поврзано само со материјални награди за добрите оценки. Родителите се оние кои треба да ги научат што значи среќа сама за себе, и како да ја препознаат среќата која ќе трае во личноста која ќе ја запознаат.
5. Не ги учите децата да ги покажуваат своите чувства
Сигурно сте забележале како малите девојчиња веднаш му покажуваат на некое момче дека им се допаѓа бидејќи нивното однесување го диктира природата. Кога една возрасна жена би го направила истото сигурно ниту еден маж не би останал рамнодушен.
Причината поради која не ги покажуваме чувствата е загриженоста и искуството од претходните врски. Кога една жена била изневерена повеќепати, таа почнува да мисли дека можеби партнерот не го сака тоа што таа има да го понуди и се плаши од одбивање.
Изворот за сето тоа лежи во детството. Важно е родителите да бидат свесни дека треба да ги прифаќаат чувствата на своите деца. На пример, ако вашата ќерка плаче, вие не смеете да и кажете дека плаче за глупост. Сочувствувајте со неа. Објаснете и дека и вие би плачеле на нејзино место и покажете ѝ дека сте тука за неа, но без да ѝ држите лекции.
6. Не го поттикнувате да зборува
Мажите треба да научат како да зборуваат. Кога тие молчат, жените се чувствуваат непосакувани. Проблемот е во тоа што мажите сакаат да планираат сами и не разговараат за плановите со жената.
Според логиката на мажите, ако тој живее со неа, доаѓа дома и јаде сè што таа ќе му зготви, значи дека ја сака.
Но, жените тоа не го разбираат. Ако мажот е изморен, си дојде дома, јаде и си легне, тие веднаш помислуваат дека нешто не е во ред, иако навистина нема никаква причина за тоа.
7. Не ја препознавате сопствената убавина
Жените често поминуваат многу време пред огледалото, особено кога излегуваат и се средуваат за да изгледаат добро, а кога се дома тоа целосно го запоставуваат. Причината за тоа е мислењето на другите. Понекогаш се случува повеќе да ги ценат комплиментите од другите од комплиментите кои им ги дава нивниот партнер. Тоа воопшто не е добро и треба што е можно побрзо да се искорени.
Потрудете се да бидете убави секогаш, не за другите, туку заради вас самите.
М. С. | Црнобело