15 фази низ кои поминуваат кавгите на паровите кои живеат заедно
На секој пар му се има случено да има комплетно глупава расправија која почнува од сосема неважна работа, а некако на крајот успева да ескалира во нешто сериозно.
Ваквиот тип на расправии се одвиваат во 15 фази:
1. Сè започнува со нормален пријатен ден
2. Едниот од вас кажува нешто сосема безопасно
„Заборави да ја пуштиш машината за перење облека?“
3. Другиот малку се навредува
„Што сеа, моја одговорност е да ја пуштам машината? Мислев дека сè правиме заедно...“
4. И тука почнува...
„Јас ја пуштив последниот пат, што мислиш дека јас треба сè да чистам после тебе?!“
5. Работите ескалираат
„Секогаш ме критикуваш. Ништо не е доволно добро за тебе, а?!“
6. Доаѓате да граница да раскинете...
„Ако сум толку ужасна што не ми раскинеш??“
„Што, значи тебе воопшто не ти е грижа за нашата врска, а? Така да завршиме?“
7. Давате големи изјави за одамна заборавени работи
„Никогаш не се извини што мајка ти кажа дека не сум амбициозна!“
„А, кога ме остави да те чекам цел саат во кафуле и не ти ни текна да се јавиш?“
8. После некое време не се ни сеќавате како започнала расправијата
„За што се расправавме? Мислам дека беше нешто околу садовите...“
9. После 20 минути, убедени сте дека вие сте во право...
„Јас сум во право“
„Не, јас сум во право!“
10. Сфаќате дека е чиста глупост расправијата и дека сте претерале...
„Претерав, а? Време е да се смириме.“
11. Правите нешто нормално за да дадете до знаење на другата личност дека сте сфатиле каде сте погрешиле
„Ќе ја гледаме последната епизода од Family Guy?“
12. Другиот се извинува
„Извини, и јас претерав...“
13. И првиот исто така...
„Не извини, јас претерав...“
14. Си ветувате дека никогаш повеќе нема да се расправате за тривијални работи
(а, повеќе од очигледно е дека повторно ќе се случи...)
15. И на крајот, сè што останува е...
Н. Г. | Црнобело