Дали тој се обидува да ве промени? Сериозни сигнали дека тој ја задушува вашата личност

Во потрага сме по љубов и романтика, партнер кој ќе нè сака и прифати токму онакви какви што сме. Но, универзумот и Марфи неретко си поигруваат со нас и она од кое се плашиме и го избегнуваме по секоја цена, ни го носат на прагот.

Dali-toj-se-obiduva-da-ve-smeni-10-signali-kako-toj-ja-zadusuva-vasata-licnost-01.jpg

Партнер, кој потајно сака да ве смени и обликува онака како што си ја замислил совршената девојка или жена.

Сигналите се тешки за препознавање на почетокот бидејќи тој настапува суптилно, но со текот на времето се случува ова:

Го исмева она што ве прави среќни

Во добро расположение сте, без разлика дали станува збор за успех на работа или нешто тривијално, како купување ново парфемче или излегувањето на филмот кој со нетрпение го очекувавте.

Одеднаш, тој се смее на сиот глас и се чуди како може да се радувате на таква глупост. Тоа е толку несериозно, вие сте како мало дете... А што има лошо во тоа?

Слободното време го исполнувате само со неговите интереси

Тој сака да гледа фудбал, па се гледа само фудбал. Тој сака друштвени игри, и иако ви е смачено од Монопол, беспомошно посегнувате по кутијата.

Никогаш не е расположен да прави нешто што вам ви се допаѓа или ви значи. Компромис, што беше тоа?

Ги омаловажува вашите пријатели

Знае дека си ги сакате пријателите и тие се вашата слаба точка, па не пропушта прилика да ги исмее и омаловажи додека сте сами, па дури и во нивно присуство.

Дава саркастични коментари и зајадливи забелешки на нивна сметка и на ваша како цело друштво, а потоа насамо ве убедува како не се доволни добри за вас.

Постојано истакнува како треба да промените нешто во изгледот

Чувствувате неверојатен притисок да изгледате супер и да му се допаднете на партнерот. А нему изгледа дека никогаш не му се погодува: Вие сакате да носите фармерки, тој инсистира на фустани, вие сакате кратка, тој долга коса.

Вистинскиот партнер ќе ве сака онакви какви што се, тоа не е кажано залудно. На крајот на краиштата, кој фактор е тој да кажува каква боја треба да бидат вашите нокти?

Носи одлуки во ваше име

Веќе купил карти за филмот кој сака да го гледа, а не ве ни прашал дали вам ви одговара. Резревира само на места кои нему му се допаѓаат, се интересира за одмор на локации кои само нему му се по вкус.

Врската е составена од двајца луѓе, или?

Тој не се менува, додека вие мора постојано да се подобрувате

Од моментот кога го запознавте, тој нема сменето апсолутно ништо кај себе. Додека вие имате чувство дека одите на клинци и постојано мора да се прилагодувате, вашето познавање за некоја одредена област, вашите интереси...

Зарем не е измачувачко да се занимаваш со нешто кое не те интересира и не е по соствен избор и волја?

Константно ве критикува

Го кажувам ова затоа што се грижам и те сакам... започнува пред секој „искрен“ коментар скроен да ви го уништи денот и да ви ја потапка самодовербата со чевлите. На мета е вашата работа, вашиот изглед, вашите интереси.

Никој не треба да биде изложен на постојана критика, особено од страна на некој што е далеку од совршен.

Вашите пријатели ја забележуваат промената

Тие имаат остро око и премногу добро ве познаваат бидејќи ја чувствуваат промената во вашето однесување.

Поретко доаѓате кога се собирате сите заедно, а дури и тогаш сте нервозни, раздразливи и постојано гледате во телефонот и си пишувате со партнерот. Каков е тој партнер кој ве променил до непрепознатливост?

Прави да се чувствувате лошо, затоа што сте емотивна

Во моментите кога сакате да си поплачете или пуштате солза на некоја песна или цртан филм кој ве растажил, тој ве нарекува драматична или луда.

Прашува дали сте во ПМС, ви кажува да престанете да се однесувате ненормално, а потоа си заминува од просторијата.

Вие треба да ги чувате вашите чувства конзервирани, само за да не се потресе партнерот? Кој е тука плачкото?

Нивото на енергија ви опаѓа во негова близина

Повеќе не чувствувате радост додека седите покрај него. Расположени сте и кога тој се појавува во близина е како да надвиснал црн, тмурен облак над вас.

Оптимизмот спласнува, молчаливи сте, не сакате да зборувате за ништо. Се чувствувате како да не сте вие, а ова е вашиот личен затвор.

Па кое е решението? Многу едноставно. Откачете го, кажете збогум и никогаш не се вртете назад.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg