До љубовникот на мојата сопруга: Барем спушти ја даската од тоалетот, да не бидам јас крив
Еден изневерен сопруг му составил листа од 10 барања на љубовникот на сопругата. Не се онакви какви што очекувате...
Објавени на Craigslist, американски сајт за огласи, многу брзо се проширија вирално.
„За типот кој ми ја работи жената. Добро знам кој си. Да, сè знам. Не, не сум лут, би сакал само да те замолам неколку работи:
1. Те молам престани да ја оставаш даската во тоалетот подигната, бидејќи секогаш јас сум крив.
2. Можеби ми даваш шанси почесто да одам на риболов, но те молам престани да ми го пиеш пивото. Сосема е во ред да испиеш едно кога си во посета. Бог знае дека и јас морам да испијам неколку за да ми стане привлечна, но барем остави нешто за мене, со неа сум подолго отколку ти.
3. Ако сепак испиеш сè, купи нови или барем остави некој денар на масата.
4. Би те замолил да ставиш нова ролна тоалетна хартија кога ќе ја потрошиш. Од не знам која причина нашиот син мисли дека не треба да се брише кога нема хартија. Го чуваме под лавабото, но ако имаш подобро место, слободно предложи.
5. Кога ќе завршиш работа со мојата жена, избриши се од нешто што може да се фрли.
6. Не им вели на моите деца дека си им вујко. Можеби се мали, но не се ретардирани.
7. Престани да го попушташ греењето, затоа што јас ги плаќам сметките.
8. Кога ќе те праша дали изгледа дебело во панталоните, кажи не. Можеби мислиш дека одговорот е да и ако и го кажеш ќе престане да јаде толку многу, но всушност и даваш причина да оди и да купи нов пар панталони во кој ќе изгледа подеднакво дебело.
9. Престани да ја јадеш храната. Минатата недела ми ги изеде колачите од мајка ми. Мојата сопруга со години не зготвила нешто толку вкусно, имај разбирање.
10. Пробај да ја префрлиш тежината на другата страна кога седиш во мојата фотелја, затоа што ми правиш дупка која ме влече на десно.
И на крај, сакам да ти се заблагодарам затоа што ја однесе на ручек за Денот на вљубените. Не беше бесна како вообичаено и нарача само едно јадење. Од вишокот пари може да ги однесам децата во кино.
Се надевам дека можеш да ми помогнеш со работите кои ти ги набројав.
Ако го направиш тоа за мене, ќе ти се јавувам кога и колку ќе бидам отсутен, за да не мораш да се грижиш и брзаш.“
М. Д. | Црнобело