Постарите советуваат: Која е тајната на успешен 50-годишен брак?
Медиумите и општеството константно нè бомбардираат со изјавите како не сте целосни додека не стапите во брак, а подоцна суптилно го додаваат коментарот дека не секој брак е осуден на успех.
Сепак, мал зрак надеж на хоризонтот, паровите кои прославиле златна свадба се тука да ја споделат својата животна мудрост.
Љубовта навистина може да трае „додека смртта не нè раздели“ и еве какви се нивните совети:
Партнерот е секогаш прв приоритет
Децата и внучињата се прекрасни, но вистината е дека тие доаѓаат во вашиот живот, а подоцна заминуваат да си оформат свој.
Партнерот е тука за цел живот. И никој не е поважен од него. Кога ќе го сфатите тоа, многу работи ќе ви се олеснат.
„Многу луѓе дозволуваат животните проблеми да ги прегазат. Мажот и жената живеат во истата куќа, јадат на иста маса и спијат во заедничкиот кревет, но психички се како на две различни планети. Тие не споделуваат суштински ништо важно и полека се оддалечуваат еден од друг“.
Разговорите се важни, сексот е важен, интимата е важна.
Особено важно е да имате барем едно заедничко хоби во кое ќе уживате двајцата или да излегувате минимум еднаш неделно на романтичен состанок, макар имало снежна бура надвор.
Секогаш има време за проверка на мејлот и завршување на обврските, но приоритетот и вниманието секогаш треба да е насочено кон партнерот.
Не обидувајте се да го менувате својот партнер
„Те сакам поради тоа што си, не поради она што сакам да бидеш“.
Кога се вљубувавте, дали кроевте планови да му ја смените гардеробата на партнерот, неговата страст кон фудбалот, нејзините навики за излегување?
Секако дека не. Зошто тогаш би го правеле тоа за време на бракот?
Најдобро е кога партнерот сам ќе посака да промени некои лоши навики, но тоа мора да дојде од него самиот, не поради вашата упорна настојчивост.
Да сакате да го промените својот партнер од корен, е грдо и себично. Просто – не е љубов.
Двајцата во бракот треба да се совршено несовршени за успех.
Нека партнерот се почувствува ценето
Мали работи кои значат многу. Тоа би бил одговорот. Неговиот омилен појадок, нејзиниот омилен парфем.
Сработување на одредени обврски кога другиот е премногу уморен. Паметење важни датуми кои значат нешто. Кога партнерот обрнуваат внимание на желбите на другиот, нема да помине непофалено или возвратено со уште поголема љубезност.
„Кога сум болна, сакам масажа за опуштање. Мојот сопруг мрази масажи, но го прави тоа поради мојата љубов. Затоа, никогаш не сум го одбила кога ме замолил за нешто што му значи.
Успешниот брак значи да даваш многу и да добиваш уште повеќе за возврат“.
Не заборавајте да се забавувате
Само затоа што имаме 70 години, не значи дека сме заборавиле што значи да се смееш и да се забавуваш. Нашето мото е: „Уживајте еден со друг, секој ден“.
„Сè уште сакаме да одиме на одмор, сè уште сакаме да танцуваме и да гледаме филмови заедно. Никогаш нема да се уморам од забава. Таа нè одржува среќни, вљубени и во добра форма“, завршуваат среќните парови.
(O)Милена | Црнобело