40 машки особини кои жените ги сметаат за неодоливи

Жените се навистина комплицирани суштества и тешко е да успеат да се согласат околу повеќето работи.

40-maski-osobini-koi-zenite-gi-smetaat-za-neodolivi-01

Сепак, кога се работи за постапките и особините на мажите кои им изгледаат неодоливи и привлечни, тие се навистина едногласни и признаваат дека всушност ситниците се тие кои се наоѓаат највисоко на листата.

А, ако се прашувавте како изгледа оваа листа, еве ги одговорите на жените за тоа на што не можат да одолеат кај мажите: 

1. Кога нè покриваат со ќебе штом ќе заспиеме пред телевизорот.

2. Кога се елоквентни во секојдневните разговори.

3. Кога се љубезни со нашите родители.

4. Кога не можат да го скријат своето изненадување кога ќе влеземе во собата со новиот фустан.

5. Кога имаат на себе неодолив парфем.

6. Кога носат одела со неуредно врзана кравата.

7. Кога ќе нè гушнат толку цврсто што нè подигнуваат од подот.

8. Кога со прстите ќе поминат низ косата, поправајќи ја фризурата и сакајќи да изгледаат убаво за нас.

9. Кога ќе ја стават раката околу нас за да нè заштитат кога се движиме низ гужва.

10. Кога ќе нè бакнат во образ.

11. Кога ќе ги трогнат романтичните филмови кои и онака ги гледаат само заради нас.

12. Кога лежерно ќе нè гушнат на забавите каде седиме заедно.

13. Кога ни намигнуваат од другата страна на просторијата.

14. Кога флертуваат со нас, упатувајќи ни ја онаа неодолива, добро позната заводлива насмевка.

15. Кога си играат со нашите домашни миленици и помалиот брат.

16. Кога возат со една рака, а со другата ја држат нашата рака.

17. Кога нè прашуваат дали сме сигурни дека сакаме да спиеме со нив.

18. Кога во јавност носат смешни маици кои сме им ги купиле.

19. Кога нè потсетуваат на смешките кои сме ги кажале одамна и веќе сме ги заборавиле.

20. Кога лежерно ќе кажат колку нивните родители нè сакаат.

21. Кога ќе нè гушнат од зад грб.

22. Кога ќе го подигнат ракавот за да ги покажат мускулите.

23. Кога ќе нè бакнат во чело бидејќи мислат дека спиеме.

24. Кога ги одбројуваат деновите до нашиот роденден или годишнина.

25. Кога нè бакнуваат на рацете.

26. Кога без прашање ни носат уште едно парче торта или пиво.

27. Кога ни го наоѓаат омилениот филм за да го гледаме кога и да посакаме.

28. Кога ќе нè остават пред врата, па ќе отидат да го паркираат автомобилот, бидејќи надвор врне.

29. Кога одат по страната која е поблиску до улицата само за ние да бидеме безбедни.

30. Кога свират гитара. Клавир. Тапани. Кога свират на кој било инструмент..

31. Кога нежно нè масираат по главата додека лежиме на нивните колена.

32. Кога до нашето име ставаат интересен емотикон или симпатичен прекар кој сами го смислиле.

33. Кога нежно ќе ни ја тргнат косата која ни се лизнала на лицето.

34. Кога се малку лути (но не нам).

35. Кога започнуваат да пелтечат штом нè видат.

36. Кога ни готват, а нивните специјалитети излегуваат многу вкусни.

37. Кога се тегнат и сосема случајно ја подигнуваат маицата за да им се видат градите.

38. Кога пеат во автомобил.

39. Кога го изговараат нашето име.

40. Кога гледаат во нашите усни додека зборуваме.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg