8 работи кои се подеднакво лоши како и физичкото неверство
Очите се за гледање, флертот на Фејсбук не се смета за неверство, таа ми е само колешка - што ако сум рекол дека изгледа убаво денес...
Каде е границата помеѓу верноста и неверството денеска?
Со сета нова технологија начинот на комуникација е олеснет, што според некои означува дека и шансите за неверство се поголеми.
Новото време донесе нови облици на изневерување, а овие според девојките се само 8 од нив:
Размена на секси и разголени фотки
Типичниот машки одговор би бил – па слично е со порно. Со таа разлика што девојката од порно филмот не ја познавате лично, а таа која ви праќа разголени фотки очигледно има поинакви намери. Доколку дечкото ја прифати и учествува во истата, несомнено ја игра играта наречена неверство.
Праќање секси пораки
Навистина нема ризик од сексуално пренослива болест, но колку е пријатно вашиот дечко да си праќа секси пораки со познати (и непознати) девојки?
Неверството не секогаш опфаќа физички чин, тоа може да се случи и на ваков бесрамен начин.
Договарање „пријателска“ дружба
Таа не му е другарка, ниту колешка, па сепак тој успеал тајно да договори средба со неа... освен ако не постои некое навистина добро објаснување за ова, откачете го дечкото, бидејќи очигледно не му е дојдено до вас.
Лажење за љубовниот статус
Кога сте сами вие сте дечко и девојка, но пред другите вие сте „пријатели“, „се гледаме, но нема ништо сериозно“, особено пред припадничките на понежниот пол.
Мажите сакаат да седат на три столчиња. Најверојатно е дека ќе си седнат сами на земја.
Бакнување
„Тоа е само обичен бакнеж и не ми значи ништо!“ е вообичаеното објаснување кое го нудат мажите и се обидуваат да нè уверат дека бакнувањето е толку наивно и невино, што не се смета за изневерување.
Не, бакнувањето е интимно. Доколку не е така, бакнете се и вие со некого, па почекајте ја неговата реакција.
Охрабрување на флертот од друга девојка
„Јас не направив ништо, таа ми се пушти сама“. Точно, ти не направи ништо кога требаше да ја одбиеш, наместо да го охрабриш нејзиниот флерт.
Со самото поддржување на ваквото однесување, машкото е веќе соучесник во неверството.
Криење на разговорите со други девојки
Постојано проверување на телефонот и нотификациите на Фејсбук, таинствено смешкање, криење и бришење на пораките... Жените не се идиоти. Секој може да го намириса ваквото сомнително однесување. И да, кога криете нешто, веројатно сте згрешиле и нешто.
Користење на апликации за состанување
Член си на Tinder, а имаш девојка и сериозна врска? Кратко и јасно – зошто?
(О)Милена | Црнобело