9 знаци кои укажуваат дека не треба да се борите за врската
Сите сме имале по еден (или неколку) лоши дечковци. Оваа вистина не е за прекор или срам, бидејќи им се случува и на најдобрите девојки.
Клучот е да се извлече поука од лошото искуство, со цел да не се повтори.
Но, понекогаш, кога сме лично инволвирани во одредена ситуација не размислуваме трезвено и повторно се вовлекуваме во вртлогот од несигурни емоции.
Ова се 9 непогрешливи знаци кои упатуваат дека вашата дека врска едоставно не е вредна за борба:
1. Тој ве нарекува „премногу емотивна“
Се жали на вашето однесување и со одважен поглед ве прашува „Да не си во ПМС?“
Му пречат вашите солзи на романтичен филм, ве обвинува дека сте премеки, немате доволно цврст карактер да ги стегнете забите и сте навистина само една „жена“.
2. Се расправа нечесно
Секоја кавга за него е совршена можност да ја изнесе вашата „валкана облека“ на виделина и да ве потсети на тајните кои сте му ги довериле во минатото. Тој едноставно се бори нечесно и сака да ве повреди по секоја цена.
3. Никогаш не вложува во врската онолку колку што добива
Имате чувство дека вие се трудите и вложувате повеќе во врската, па дури и дека – сакате повеќе? Плановите секогаш се измрдуваат од распоредот заради неговите потреби, а вие сте прилагодлива и молчелива?
4. Не ве задоволува сексуално
Повеќето жени тврдат дека оргазмот не е најважното нешто во сексот. Повеќето жени се во заблуда. Тој е себичен партнер кој мисли само на своето задоволство и не се труди околу вашето.
5. Сите ваши пријатели го мразат
Некои се културни и го игнорираат, а другите отворено и жестоко се расправаат со вашето момче. Како и да е, нема позитивни вибрации во моментот кога тој влегува во просторијата, бидејќи сите одеднаш замолчуваат.
6. Ги исмејува работите што ги сакате
Без разлика дали сте сами или во друштво, тој секогаш наоѓа начин да го исмее изборот на вашиот последен изгледан филм, музиката која ја сакате или новата фризура. Постојано сте под притисок и понижени од негова страна.
7. Не ги поддржува вашите соништа
Желбите за кои имате поддршка се половина остварени желби. Вие, од друга страна немате никаков позитивен фидбек од партнерот.
8. Љубоморен е
На почетокот мислевте дека е страстен и заштитнички настроен, но денес неговата љубомора е на раб на параноично лудило. Тој ги мрази сите ваши машки пријатели, постојано објаснува како не верува во машко-женско пријателство и отворено сугерира да ги исклучите од вашиот живот.
9. Се прашувате по неколку пати во денот дали да го оставите
Ги консултирате пријателките, вашата мајка, а најчесто зборувате и сами со себе, поставувајќи си го прашањето: „Треба ли да го оставам?“. Доколку оваа појава е фреквентна, време е за збогум.
(О)Милена | Црнобело