После 2 години брак: 10 љубовни лекции на кои нè учат Бред Пит и Анџелина Џоли
Бред Пит и Анџелина Џоли ја прославија 2-годишнината од нивниот брак и со сигурност можеме да кажеме дека се еден славен пар од кој многу можеме да научиме за бракот.
Посебно, можеме да ги земеме предвид овие 10 љубовни лекции:
1. Не треба да бидете под притисок да изгледате како совршен пар пред другите околу вас, бидете свои. Никој не може да биде совршен сопатник 24/7.
2. Покажувајте благодарност. Секогаш треба заедно и двајцата да се трудите да ја одржите врската во живот, а тоа на еден начин го правите и ако сте благодарни за работите кои другата личност ги прави за вас.
3. Секогаш имајте на ум дека сте тим.
4. Морате да научите да правите компромис за сите несогласувања на кои ќе наидете. Морате да најдете баланс меѓу кариерата и љубовта, а како што се трудите да се развивате на професионален план, истото важи и за љубовта.
5. Токму така, морате да растете и созревате заедно, бидејќи промените се неминовни, а најдобро е кога ги доживувате заедно, а не разделно.
6. Семејството треба секогаш да ви биде во прв план, без исклучок.
7. Морате да знаете што сакате од партнерот исто како што треба да знаете и што сакате во животот.
8. Сексуалниот живот морате да го одржувате жив, не треба да заборавите на флертот, жешките допири и страстите како на почетокот од врската.
9. Секогаш барајте ја позитивната работа во негативните работи.
10. Бидете си поддршка еден на друг, заедно сте посилни.
Н. Г. | Црнобело