Можеби сум сингл, но мојот живот е исполнет и опкружена сум со љубов
Внимание, сингл девојките го имаат главниот збор! И, имаат да кажат неколку позитивни работи во врска со темата.
Една од многуте ја започнува својата приказна со факти:
„Немам дечко и во моментов не се гледам со никого. Не можам да се сетам кога последен пат сум имала вистински состанок. Сингл сум, но тоа не значи дека сум сама и еве зошто:“
Секогаш (ќе) ги имам моите другарки
Вистинските другарки се покрај вас без оглед на вашата романтична ситуација. Можам да сметам на нивната поддршка, без разлика дали ги прославуваме моите успеси или ми се рамо за плачење за време на моите падови.
Никогаш не би ставила некој дечко пред моите другарки, бидејќи на крајот од денот секое момче ме напуштило, а другарките се сè уште покрај мене.
Пронаоѓам задоволство во својата кариера
Мојот живот е многу повеќе од тоа со кого го делам креветот. Мојата животна мисија не е да бидам нечија сопруга. Имам соништа, а тие не се како во цртаните – да бидам дама во неволја и да чекам принцот да ме спаси.
Што и да се случи, кариерата е моја страст. Со или без љубовна врска, мојот живот веќе има значење.
Ми значи моето семејство
Доколку никогаш не основам свое семејство, знам дека секогаш ќе го имам своето покрај себе. Со нив сум поминала низ сито и решето и знам дека секогаш ќе имам дом каде што ќе можам да ги поминам празниците.
И, секако, некој кој искрено се радува на моите успеси. Дури и да го пронајдам вистинскиот партнер, секогаш ќе го имам моето семејство. На крајот од секој ден, знам дека сум сакана.
Осаменоста е состојба на умот
Одбивам да се сожалувам себеси. Можам да бидам несреќна само доколку го дозволам тоа. Факт е дека јас не сум сама. Ме опкружуваат луѓето коишто ги сакам. Мојот живот можеби има недостаток на романса, но нема да паднам во мрежата на себесожалување.
Се гордеам со својата независност
Благословена сум што сум опкружена со луѓе на кои можам да се потпрам, но особено се гордеам со фактот што можам да се потпрам на себе. Можам да си ги платам сметките, да си зготвам вечера, да си го средам домот, едноставно да го доведам мојот живот во ред.
Сакам друштво, но понекогаш сакам и да бидам сама. Јас сум независна, а тоа е чувство како ниту едно друго.
Да се биде дел од лоша врска е тажно
Некои врски се едноставно лоши, те тераат да се повлекуваш во себе и да се изолираш од светот. Најголемата вистина е дека доколку не сум со вистинската личност, подобро е да бидам сама. Едноставни не вреди да си дел од лоша врска.
Да се биде сингл е многу позабавно, отколку да водиш бескрајни расправии со човекот кој не те третира добро и не те заслужува.
Можам да се сакам себеси
Не ми е потребен маж за да ми даде самодоверба. Знам дека сум добра личност, достојна за вистинска љубов дури и доколку никогаш не ја пронајдам. Секако дека сакам партнер и се надевам дека еден ден ќе пронајдам љубов, но доколку не се случи тоа – во ред е.
Статусот „сингл“ ве учи на нешто многу важно – дека може да биде сѐ во ред и кога сте сами. Не ми е потребен маж за да бидам целосна. Секако дека сакам еден, но доколку не пронајдам некој кој ќе ми одговара, барем знам дека се сакам себеси.
Мојата среќа не е дефинирана со љубовниот статус
Имам и други работи кои ми го исполнуваат животот. Дури и да го запознаам совршениот партнер, тој нема да стане центар на целиот мој свет. Нема да се откажам од мојот живот и моите соништа заради маж. Доколку останам сингл, знам како да бидам самата среќна.
Токму затоа, што и да носи иднината, никогаш нема да бидам вистински сама.
(О)Милена | Црнобело