Знаци дека не сте романтични
Една од причините заради која мажите ги губат девојките е затоа што не се доволно романтични. Понекогаш романтиката исчезнува после неколку...
...месеци, а некогаш по неколку години. Ако не сакате да си ја уништите врската или бракот мора под итно да делувате!
Еве некои сигнали кои покажуваат дека сте станале неромантични:
1. Вечера со свеќи доаѓа во предвид само ако снема струја.
2. Единствена прошетка ви е до контејнерот и назад.
3. Подароци и купувате само во мислите.
4. Кино не сте виделе со месеци.
5. За секоја годишнина носите цвеќе.
6. Цвеќето сте го купиле на бензинска кога случајно сте се сетиле на годишнината.
7. Чоколадо и купувате само ако е на намаление.
8. Ја бакнувате само ако дојде до предигра.
9. Спонтаност?! Не сте сигурни дека знаете што значи ова.
10. Сте заборавиле што е тоа комплимент.