Зошто е добро да сакате жена која премногу размислува?

Зошто ми го напиша ова? Што мисли? Што да му одговорам? Дали ќе ме разбере погрешно? Можеби требаше поинаку да постапам... Познато?

zoshto-e-dobro-da-sakate-zena-koja-premnogu-razmisluva-01.jpg

Мажите имаат една голема и важна особина, а тоа е едноставноста. Кај нив сè е црно или бело, но затоа пак, ние жените сме комплицирани и многу размислуваме и добро е што размислуваме.

Еве зошто:

1. Ние ќе му купиме најдобар роденденски подарок кој некогаш го добил. Не е воопшто важно колку време ќе поминеме во шопинг центар или на интернет страница, сè додека не го најдеме совршениот подарок.

2. Нема да кажеме нешто за што ќе зажалиме за време на расправијата. Жената која премногу размислува нема да му каже на мажот дека е себичен и час подоцна да се извинува и да се обиде да ги врати зборовите. Она што го кажува, стои зад тоа, бидејќи се карала со него барем 20 пати пред да се случи расправијата.

3. Секогаш знаеме кога нешто не е во ред. Секогаш ги забележуваме малите промени во неговите очи или насмевката.

4. Жената е секогаш подготвена за било која ситуација. Ако почне да врне, таа секогаш ќе има мал чадор во својата чанта. Ако случајно си ги извалкате рацете, оваа жена секогаш ќе има влажни марамчиња при рака.

5. Таа секогаш има спектакуларни идеи за состаноци. Нема да оди во кино секој втор викенд, не. Покрај ваква жена секогаш следи и авантура, макар и да е некоја мала како случајна прошетка во некој нов дел од паркот.

6. Секогаш ќе ти помогне да се извлечеш од лошите ситуации. Ако си се расправал со шефот, таа секогаш ќе може да ти понуди добар совет како да постапиш понатаму. Ќе ти ги даде сите потребни податоци и детали и брзо ќе дојде заедно со тебе до решение.

7. Мисли премногу, па вината е премногу тешка за неа, кога и да направи нешто лошо.

8. Жените кои размислуваат премногу никогаш не ги забораваат важните датуми и настани. Всушност, една таква жена ќе почне да размислува за вашиот роденден со месеци однапред.

9. Вашето внимание ѝ значи. Ако не се чувствувате добро и таа нема да се чувствува добро. Па, секогаш ќе се труди да бидете среќни и исполнети.

10. Таа е вистински перфекционист, посебно кога е во прашање планирање на иднината. Ако останеш засекогаш со неа, немаш за што да се грижиш, таа веќе испланирала што понатаму.

11. Жената која премногу размислува никогаш нема да направи некој спонтан потег. Таа размислува за сè и прашува што понатаму пред да продолжи понатаму.

12. Мозокот постојано ѝ работи со полн капацитет. Затоа и постојано размислува.

13. Жената размислува за работи за кои мажот вообичаено не размислува, воопшто.

14. Размислува за ситуациите од секој можен агол и пред да донесе некоја одлука, размислува за тоа како ќе се однесува мажот, бидејќи не сака да му нанесе болка, не на оној кој го сака најмногу.

15. Ако е во врска, значи дека е сериозна. Има премногу стравови кои се мотаат во главата, ама немаат никаква поврзаност со вас. Инаку да беа, немаше да биде со вас.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg