Не завршуваме секогаш во рацете на љубовта на нашиот живот...
Верувам во голема љубов. Но, живеам и одам на состаноци како тоа да не е вистина.
Немам чудни очекувања од романтиката. Не чекам дека некој ќе ме собори под нозе.
Но, верувам во голема љубов затоа што ја доживеав.
Ја доживеав онаа масивна љубов. Онаа семоќната. Онаа за која воопшто не можев да верувам дека постои на оваа планета.
Љубовта која експлодира во неконтролиран пламен, па потоа се смирува за да биде тивка и пријатна за годините кои доаѓаат. Љубов за каква се пишувани книги, романи и симфонии. Љубов која те учи повеќе отколку што мислиш дека можеш да научиш и бескрајно многу ти дава, повеќе отколку што ти зема.
Тоа беше љубовта на мојот живот.
И верувам дека тоа функционира вака:
Ако си среќник, ја запознаваш љубовта на твојот живот. Со неа си, учиш, се даваш и дозволуваш целосно да те промени. Тоа е искуство кое не се споредува со ниту едно друго.
Но, еве нешто што нема да го прочиташ во ниту една бајка – понекогаш ја запознаваме љубовта на нашиот живот, но не можеме да ја задржиме.
Не се зeмаме со својата љубов, не поминуваме години со неа, не ја држиме за рака на смртната постела.
Не можеме секогаш да ја задржиме саканата личност, затоа што во реалноста љубовта не победува сè друго. Не може да ги реши разликите, не може да се носи со тешките болести, не прави мост меѓу религиските уверувања и не може да не спаси од нас самите.
Не секогаш можеме да ја задржиме саканата личност, бидејќи постојат и други работи освен љубовта.
Понекогаш ти сакаш селска куќичка и три деца, а тој сака да гради кариера. Понекогаш ти сакаш да патуваш низ светот, а таа не сака да мрдне од својот двор. Понекогаш едниот има поголеми соништа од другиот.
Понекогаш најдобриот потег, заради љубов, е да се пуштите еден со друг.
Понекогаш немате избор.
Уште нешто – тоа што не завршувате заедно, не ја намалува неговата вредност во твојот живот.
Некои луѓе може да те сакаат повеќе за година дена, отколку други за 50. Некои повеќе ќе те научат за еден ден, отколку други за цел живот.
И како тогаш да не ги наречеме таквите луѓе љубов на нашиот живот?
Кои сме ние да им го намалуваме нивното значење, да замижиме пред начините на кои не промениле, само затоа што повеќе не се дел од нашиот живот?
Можеби треба само да бидеме благодарни. Благодарни што сме сакале, сме научиле нешто и животот ни го отворил патот до таа личност.
Пуштањето на љубовта откако ќе ја запознаеш не мора да биде најголема трагедија.
Ако дозволиш, тоа може да биде најголем благослов.
На крајот од краиштата, некои луѓе никогаш не ја запознаваат љубовта на својот живот.
М. Д. | Црнобело