11 причини зошто е подобро да се разведете отколку да бидете во несреќен брак

Кога размислувате за развод, навистина е лесно да се фокусирате на негативното: „Како ќе живеам повторно сам/а?“ „Како ова ќе влијае врз децата?“ „Дали ми е судено да бидам сам/а до крај на животот?“

11-prichini-zoshto-e-podobro-da-se-razvedete-otkolku-da-bidete-vo-nezdrav-brak-001.jpg

 Иако, овие грижи се сосема оправдани и разбирливи, мора да знаете дека подеднакво е важно да се фокусирате на доброто од сингл статусот.  

А, ова се 11-те причини зошто разводот е подобра работа, наместо да останете во несреќен и нездрав брак:

1. Можеби бракот ви дава чувство на сигурност, но разводот ви дава нова причина за живот

Останувањето во лош брак може да обезбеди сигурност, бидејќи знаете како ќе ви тече животот, но разводот ви дава надеж – надеж да бидете личноста која што сакате да бидете, надеж да бидете среќни и надеж да најдете некого за да сакате.

2. Да се биде самохран родител е подобро отколку да бидете во нездрава врска

Ако сте родител со мали дечиња, разводот е подобра опција отколку да останете во лош брак. Ова е така бидејќи ако се мали тогаш тие се во години кога го создаваат карактерот. Тие ќе ги гледаат и прифаќаат типовите врски кои им се портретирани. А, секој сака да има здрава и среќна врска со взаемна почит, за децата никогаш да не се задоволуваат со помалку од она што заслужуваат во нивниот живот.

3. Разводот дава можност да го запознаете вистинскиот партнер

Разводот е болна постапка, но тој е како вадење фластер – очекувањето е ужасно, но кога ќе помине, тоа е олеснување. Бонус е тоа што ви ја дава слободата да ја запознаете личноста со која ви е судено.

4. За првпат имате можност да се фокусирате на себеси

По разводот, имате можност да се откриете и да се заљубите во карактеристиките и мааните кои ги имате вие. Ако сте самохрана мајка, тогаш вашите мајчински инстинкти, љубовта и енергијата која му ја пружате на вашето/ите мало/и се сосема доволни. Имате моќ да најдете искрен мир, среќа и ценење на животот кој можеби ви бил исцицан од вас за време на лошиот брак.

5. Разводот не е најлошото нешто што може да ви се случи – животот во непријателски дом е

Сигурно си мислите дека разводот е како крај на вашиот свет и најлошото нешто што може да му се случи на вашето семејство. Но, вистината е дека ако живеете во дом каде нема хармонија, среќа, мир и почит, тогаш тоа е најлошото нешто. Најлошо е кога вашите деца живеат во ваков дом и ве гледаат дека сте несреќни.

6. Постои голема разлика меѓу самост и осаменост

Разводот ви помага да ја откриете самоста кога чувствувате болка поради осаменост. Тој ќе ве научи да уживате да бидете сами и да сте слободни од ужасното чувство кое се појавува при одделување од погрешната личност.

7. Вие и вашиот партнер можеби меѓусебно си го спречувате напредокот

Разводот треба да биде прв избор, бидејќи единственото нешто што го спречува бракот да биде добар е брак во кој нема заеднички труд. Постојат моменти кога разводот е најдобар избор бидејќи така двајцата партнери успеваат да напредуваат и да го постигнат животот кој го посакуваат, а во некои ситуации и животот што го заслужуваат.

8. Среќниот родител е подобар родител

Учењето да ги пуштите работите и да стапите во непознатото е можеби најважното нешто што мора да го направите за вие и луѓето околу вас да останат присебни. Разводот докажува дека треба да имате храброст да живеете среќен живот. А колку сте посреќни како личност – толку сте поефективни како родител.

9. Слободно може да ја посветите вашата енергија на другите важни полиња од вашиот живот

Ако постојано се трудевте да го направите бракот подобар и гледате дека ништо не се менува, ако имате храброст да заминете и да продолжите понатаму, по долго време ќе ви се исплати. А, тоа значи дека ќе престанете да вложувате енергија во врска која веќе не функционира и ќе почнете да вложувате во себеси и во вашите деца.

10. Заслужувате партнер кој е посветен на врската исто колку и вие

Разводот е подобар од брак без љубов. Сите заслужуваме да бидеме сакани. Никој не сака да биде во брак каде партнерството не е свето и приоритет.

11. Губите партнер, но добивате среќа

Разводот може да ве усреќи. Животот е премногу краток за да го поминете во нездрава врска.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg