Венчај се за жената која ќе те инспирира да станеш подобар човек...
Совршен си онаков каков што си, но жената која ја сакаш, ако не те тера да станеш подобар од тоа што си, тогаш можеби не вреди да патува низ овој живот со тебе.
Лесното е прифатливо достижно, но никогаш не води до нешто подобро.
Затоа, венчај се за жената која ризикувала да го отвори срцето за тебе.
Жената која те сака не заради личноста која си сега, туку заради личноста во која знае дека ќе созрееш.
Таа која никогаш нема да побара нешто од тебе, за кое не е комплетно сигурна дека може и самата да го постигне, која знае дека една од најважните работи е континуирано да растете и созревате.
Можеби понекогаш тоа ќе ти звучи како сериозен предизвик, да бидеш покрај жена која никогаш не прифаќа „не“ за одговор. Да бидеш покрај некој кој постојано оди во длабочина...
Венчај се за жената која ќе те натера да скокнеш пред да погледнеш.
Онаа која ќе те натера да се соочиш со сопствената темнина, но нема да те остави да се бориш сам, туку ќе те држи за рака и заедно со тебе ќе се соочува со сопствените демони.
Не е толку важно да имаш некој покрај себе кога сè во животот ти оди лесно, туку тогаш кога не стоиш на сигурна подлога, тогаш кога нешто боли, сече директно во срце и те тера нозете да ви се тресат.
Жена која ќе те инспирира да станеш подобар човек и која знае дека те очекува брилијантна иднина.
Венчај се за жената која ќе ја разбуди потребата да целиш кон подобро.
Жената која со сопствената амбициозност ќе те инспирира да растеш, еволуирате, созреваш, да стануваш сè подобра и подобра личност, да ги препознаеш сопствените квалитети и доблести.
Љубовта на една жена треба да те тера да се надградуваш...
Венчај се за жената која ќе те натера да веруваш дека сè е можно.
Жената која верува во тебе.
Бидејќи не постои ништо повозбудливо од сјајот на очите од жената која се гордее со тебе, која е одлучна и која секогаш гледа нешто неверојатно во тебе.
Таа ги знае твоите способности и секогаш ќе те потсетува на нив, дури и тогаш кога најмногу се сомневаш.
Венчај се со жената која ќе те инспирира да ги исполниш нејзините очекувања.
Оваа жена може да поставува високи цели, понекогаш да делува и застрашувачки, да те натера да избегаш, но таа секогаш ќе биде тука за тебе и покрај тебе.
Таа ќе се грижи за тебе и вашиот дом и никогаш нема да се задоволи со нешто помалку од тоа што знае дека го заслужува.
Нема да ти биде лесно.
Но, таа ќе биде секогаш тука, да те инспирира да станеш подобар човек.
Бидејќи се цени себеси, а ако одлучила да биде покрај тебе, тогаш и тебе те цени.
И кога ќе пронајдеш таква жена, застани храбро покрај неа, бидејќи ќе те натера да сфатиш дека го заслужуваш најдоброто.
Н. Г. | Црнобело