Како да научиш да сакаш „скршена“ жена?
За секоја личност која ќе се најде покрај неа, оваа жена ќе се прашува дали ќе остане покрај неа. Делува очајнички, но минатото ја научило дека зборовите на самиот крај се користат како оружје и имаат голема моќ да уништат нечие срце.
Секако дека секој ќе ѝ рече дека ќе остане... Таа ќе кимне со главата иако знае, дека длабоко во неа постои сомнеж. Ќе се надева дека овојпат ќе биде поинаку. Колку е тешко да ја сака некој? Ќе ризикува сè и ќе се обиде да најде убавина во белезите кои ѝ го уништиле срцето. Но, сите на крајот си заминуваат, а неа ќе ја остават со бомба која прерано експлодирала.
И повторно на самиот почеток - скршена, но сè уште жива. Некако ќе се извлече од тоа, иако овојпат ќе ѝ треба повеќе време од претходно. Секојпат губи дел од себе, давала љубов, а за возврат добивала многу малку или ништо. Ќе си каже на себеси дека е добра. Лага која си ја повторува секојдневно, затоа што ако доволно долго си ја повторува, можеби на крајот, навистина ќе се чувствува добро...
Но, никогаш нема да биде добро.
Секогаш нешто ќе недостасува.
Ќе има денови кога ќе нафрли насмевка на своето храбро лице. Ќе има денови кога нејзината смеа ќе биде толку заразна што за момент, светот ќе заборави колку е скршена. Но, штом ќе дојде ноќта и нејзиното тело ќе се склопчи од исцрпеност, повторно ќе се појави нејзиниот верен пријател - очајот.
Ти ќе се обидеш да ја поправиш. Силно ќе се трудиш. Толку силно што ќе бидеш убеден дека можеш. Но, таа е скршена со причина, но никогаш нема да биде само тоа. Скршена, но верна, добра и нежна.
Никогаш немој да кажеш „ја сакам оваа скршена девојка“, кажи „ја сакам оваа девојка“, бидејќи таа не е жена на која треба да ѝ се препишуваат придавки како „скршена“, „депресивна“, „манична“... таа е само жена. Жена која може да те сака како ниту една друга.
Кажи: „Ја сакам оваа жена...“
Сакам жена која одбива да се излечи, бидејќи нема што да се поправи на неа. Можеби нејзината скршеност е дел од неа како личност.
Кажи... Сакам жена која никогаш нема да ме лаже, бидејќи знае колку боли.
Сакам жена која живее ден за ден, на сè се весели како да ѝ е прв пат, која е свесна дека тоа утре сè уште не дошло.
Никој не рекол дека ќе биде лесно, дека нема да има жртвување, никој не рекол дека некој попатно ќе биде повреден. Но, зарем не се такви сите големи љубовни приказни? Ако боли, тогаш е сурово и вистинито.
Сакај ја. Обожавај ја. Имај верба во неа. Смеј се со неа. Плачи со неа. Обиди се да ги видиш работите на нејзин начин, а таа ќе го направи истото за тебе. Биди задоволен со неа. Горд на неа. Кажи го тоа наглас, целиот свет да те слушне. Гледај како ги остварува нејзините соништа. Посакувај ја. Вреди за тоа. Ризикувај. Покажи ѝ дека веруваш во неа. Исполни ја празнината во нејзиното срце, бидејќи можеби само ти недостасуваш за да биде едно цело.
Можеби баш таа ќе биде љубовта за која отсекогаш си сонувал...
Н. Г. | Црнобело