Станува ранлив: 6 знаци дека прељубникот се променил

Предавството на партнерот кој изневерил има моќ да ја уништи врската, но постои можност таквата личност да се промени.

stanuva-ranliv-6-znaci-deka-preljubnikot-se-promenal-01

Романтичните врски се темелат на доверба, затоа неверството е јасен прекршок на таа доверба која партнерите ја имаат меѓу себе. Довербата може да биде одново изградена со време, труд и прошка.

За оние кои се сингл, одлуката дали да бидат во врска со некој кој има репутација на неверник е навистина тешка. Дали неверникот може да го промени своето однесување и да стане вистински партнер на кој може да се потпрете е нешто што само вие може да одлучите.

А, ова се знаците дека таквата личност се променила:

1. Престанува да флертува со другите

Наместо да се обидува да го освои вниманието на секоја личност која можеби е привлечена од нив, забележувате дека целото внимание ви го посветува вам. Можеби станува збор за нешто поедноставно – помалку се фотографира себеси и повеќе сака да прави селфи со вас. Ова е една од најмалите нешта кои создаваат голема разлика.


2. Причинува да се чувствувате сигурно

За разлика од порано, сега ја држи вашата рака во јавност или прави некој друг гест со кој му покажува на светот дека е ваш. Исто така, презема одговорност за вас и покажува дека му сте важни бидејќи се грижи за вашите физички, финансиски и емоционални потреби.


3. Отворено разговара за неверничкото однесување и што го поттикнало

Навистина е тешко да се зборува за неверство, но „расчистување на воздухот“ е најдобро, особено ако откриете што е она што натерало на партнерот да бара внимание од други луѓе. Кога едниот партнер се чувствува незадоволен од врската, можно е да побара друга личност која ќе им го даде она што го бараат.

Прашајте го неверниот партнер како се чувствувал пред да биде изневерен за да откриете која е емоционалната причина зад неверството.

На пример, ако партнерот рече дека се чувствува занемарено, кажете им неколку специфични нешта поради кои ќе биде сигурен дека нема да се чувствува така. Исто така, кажете му да ви вети дека ќе ви каже ако повторно се почувствува така или помисли на неверство.


4. Прави идни планови заедно со вас како пар

Идните планови не значат брак, но дури и планирањето на патување за 6 месеци од сега ви дава надеж за вашата иднина како пар која успешно се изборила со неверство.

Кога вашиот партнер е фокусиран на создавање на среќна иднина, вие се чувствувате посигурно знаејќи дека и вие сте дел од тие планови. Кога имате блиска и посветена врска, вие и вашиот партнер имате нешта кои се фокусирани врз иднината – животно осигурување, живеење заедно со финансиска и друг вид помош која ве заштитува двајцата.


5. Побарал прошка од вас

Актот на барање прошка ја отвора врата за да ја заздравите врската по неверството. Без разлика дали било емотивно или сексуално неверство, партнерот кој изневерил треба да побара прошка – а со тоа признава дека таквото однесување било погрешно.

Едно истражување на „North American Journal of Psychology“ вели дека поголема е шансата луѓето да им простат на нивните партнери кога тие се посветени и среќни од нивната врска. Исто така, прошката ќе биде побарана кога неверството е еден инцидент и кога понудата за извинување е понудена од другиот партнер.

Што значи, ако не сте добиле извинување, сосема во ред е да го побарате тоа.


6. Има ново ниво на емоционална отвореност

Неверниот партнер кој сега може да биде ранлив околу вас е неверник кој се променил. Емоционалното неверство се случува кога еден од партнерите заминува од врската за да ги пренасочат нивните товари на друга личност која чувствуваат дека ќе биде тука за нив. Ако партнерот ви се отворил и ви кажал интимни нешта што не ги кажал на никој друг тогаш може да се чувствувате сигурно.

Прашајте го неверниот партнер за мислење за неверство во врска и дали моногамијата е нешто што сега може да биде дел од неговиот живот. Причината за ова прашања се крие во тоа дека ставот кон неверството може да биде индикатор за тоа дали ќе ве изневерат во иднина.

Истражувањата од Универзитетот Маркет велат дека индивидуалците кои имаат полиберален став кон неверстовото и сексуалните врски имаат поголеми шанси да извршат акт на прељуба. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg