Не вредиш помалку само затоа што тој те оставил

Сочувствуваме со тебе и навистина ни не жал. Сите моменти и сеќавања кои ги делите, сите начини на кои си му го дала своето срце, секој пат кога си му ја покажала сопствената ранливост и вербата во љубов, дури и му поверува кога ти кажа дека те сака.

ne-vredis-pomalku-samo-zatoa-sto-toj-te-ostavil-01.jpg

Не може ни да замислиме колку тоа боли и колку ти е тешко.

Но, сакаме да го знаеш ова: твоето срце не е помалку убаво сега кога тој си заминал. Твојата душа не сјае помалку откако тој не е покрај тебе.

Не си помалку убава само затоа што тој те напуштил.

Знаеме дека патиш. Знаеме дека си лута. Знаеме дека чувствуваш илјада различни емоции и на моменти ни сама не знаеш што точно чувствуваш.

Знаеме дека сакаш да ти се врати.

Знаеме дека се обидуваш да продолжиш понатаму, да го промениш животот, цврсто носејќи го целиот товар и осудите од другите. Можеби постојат компликации бидејќи имате деца или ти едноставно не си сигурнa како да постапиш со сета таа болка која ја имаш во срцето.

Но, сакаме да знаеш дека сето тоа ќе помине.

Кога ќе се чувствуваш немоќно да продолжиш понатаму, ќе најдеш енергија за да се бориш и останеш верна сама на себе. Ќе се бориш како што секогаш си го правела тоа во животот.

Знаеме дека срцето ти е искршено на илјада парчиња и секое парче означува дел од она што некогаш си била со него.

Знаеме дека не си сигурна кој е твојот следен чекор, ниту дали ќе можеш да продолжиш понатаму – но ти ветуваме дека постои светло на крајот од тунелот и дека сè ќе биде добро. Иако тоа сега не можеш да го видиш, иако не си свесна дека некој внимава на тебе одозгора и те сака.

Знаеме дека чувствуваш голем немир и се прашуваш каде да одиш, која си ти воопшто и како ќе живееш без него.

Се надеваме дека веруваш дека еден ден сè ќе дојде на своето место, дека ќе имаш сила и дека не си сама.

Се надеваме дека навистина знаеш дека не со сама.

Дозволено ти е да сега да се чувствуваш скршено. Смееш да бидеш збунета, исплашена, лута, огорчена и тажна. Всушност и добро е што го чувствуваш сето тоа, што го исфрлаш од себе и собираш нова сила да продолжиш понатаму. Обиди се да не им дозволиш на твоите чувства да ја преземат контролата врз твојот ум и твоето срце.

Сакаме да знаеш дека воопшто не си помалку убава, фокусирана или мотивирана. Подеднакво си добра мајка, сестра, тетка, ќерка или внука. Подеднакво си добар работник и добар пријател. Без оглед на неговото заминување.

Не си помалку силна затоа што тој си заминал.

И понатаму си иста како што од секогаш си била, без оглед што тој ѝ го свртел грбот на твојата љубов.

Времето ги лечи сите рани, а ти си храбра и силна жена.

Продолжи да се бориш. Продолжи да чекориш напред. Држи ја главата гордо исправена и отвори го своето срце.

Биди онаа неверојатна, бестрашна и страсна жена која знаеме дека си.

Ти секогаш ќе бидеш ти, дури и покрај тоа што тој те напуштил.

M. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg