5 работи кои ги научив за бракот...

Бракот, институција во која поголемиот дел одамна изгубиле надеж и сомничаво вртат со главите поради високите стапки на инстант-разводи, сепак, сè уште претставува предизвик во кој треба да се успее, кога веќе сте решиле да стапите во брачна заедница.

5-raboti-sto-gi-nauciv-za-brakot-01.jpg

Бракот може да биде одличен, добар, средно жалосен, ужасен, но со знаењето на овие 5 работи, дефинитивно е многу полесен:

Кога се земате со партнерот, го земате целото негово семејство

Освен доколку семејството на вашиот избраник не живее во Австралија или евентуално во некоја пештера, подгответе се за вистината – ќе се венчате со него, но и со целото негово семејство. И тој со вашето, нормално.

Значи животот не е само јас и ти, планетата не се врти околу двајцата, животот си тече со сите  случувања кои следат, а тие случувања најчесто го вклучуваат поголемиот дел од семејството, со кои ќе се гледате често.

Имате семејни ручеци, празници, свадби и секаков друг тип на прослави, па пожелно би било да се сложувате. За доброто на сите.

Компромис и доверба се клучните зборови

Компромис во врска – „па може да гледаме акција, наместо романтична комедија“. Компромис во брак – „па добро, ќе ги ставам парите во црниот фонд, наместо да си купам нова чанта“. „Ќе ти помогнам, наместо да гледам фудбал“.

Јас си имам денови со моето друштво, ти со твоето друштво. И секој нека си помине убаво, без милион пораки и повици за проверка. Бракот без доверба и оној во кој двајцата нема да прават отстапки и компромиси, е осуден на пропаст.

Многу подобро е ако друштвата ви се сложуваат

Има многу лоши работи во животот, ама кога вашето друштво не го поднесува дечкото, а подоцна мажот на вашиот живот, е непријатно до болка. И обратно, кога во неговото друштво се чувствувате како 13-то прасе.

Или како да ви мирисаат мишките или ви е извалканата блузата, па се чувствувате непријатно.

Тогаш настанува некоја непријатна ситуација, во која се одмеруваат сите присутни, како во игра на руски рулет, тишина поради која се слуша и зуењето на мувата...

Затоа, запознајте се и здружете се со време, затоа што животот е дефинитивно поубав и позабавен ако добро се сложувате со неговото друштво и тој со вашето.

А, ако се сложуваат и двете друштва, тоа е посебна кармичка среќа.

Расчистете навреме дали сакате да имате деца

Има луѓе што не сакаат деца. Тоа не е крај на светот. Но, ако сте во врска со некој што има сосема различна замисла за семејство од вашата, тоа е крајот на бракот.

Значи ова е едно од поважните прашања. Не дали ќе живееме во куќа или стан, дали ќе се возиме во кола со 2 или 4 врати, ќе јадеме пржени или варени јајца за појадок. Дали сакаш да имаш деца во иднина - е прашање кое за успешен брак, не трпи неистомисленици.

Најдобар тест за бракот – пари

Како најдобро се тестира издржливоста на бракот? Еден изопачен филм рече: „Додадете рецесија и минусирајте две работни места“. Или просто кажано – живејте во Македонија, со две просечни плати. Еве ги фактите – нема да има месец без непланиран трошок. Минимум еден, максимум – којзнае, сме стигнале до бројката 6, и страв ми е да помислам на повеќе.

Задолжително ќе има некоја ситна поправка низ домот, некоја повисока сметка, една свадба или матурска или дипломска, задолжително роденден(и), па и погреб, недај Боже.

И тоа е дел од животот. Регистрација на кола, непланирано патување, настинка за која магично ќе потрошите 1000-ка за антибиотици и витамини, итн, итн...

Дишете длабоко. Сè ќе биде во ред...

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg