9 години врска со жена во брак: „Поминав низ вистински пекол“
Што може да донесе деветгодишната тајна врска со мажена жена? Сигурно ова не било прашањето кое му поминувало низ глава на Макс Вулдриџ кога ја запознал Лорен и започнал тајна врска со неа.
Тој ја започнува приказната раскажувајќи како се сретнале на некоја забава во Лондон и веднаш помеѓу нив започнале да летаат искри.
Лорен ми се јавила со предлог да ѝ зготви вечера во неговиот стан. Излегле на пијачка и тоа бил моментот кога Макс веќе станал свесен дека таа е мажена, но и двајцата едноставно не можеле да им одолеат на страстите.
„Имав чувство како таа да е жената која је чекав цел живот. Ја обожував нејзината срамежлива насмевка кога ќе ѝ дадев комплимент, го обожував нејзиниот мирис и изглед кога од сериозна жена се трансформираше во разиграно девојче.“ – објаснува тој.
Се среќавале еднаш неделно, секогаш кога таа била во Лондон во станот кој нејзините родители ѝ го купиле пред да се омажи.
„Постоеја моменти кога додека ја гледав или додека ја бакнував мислев дека сум најсреќниот човек на светот. Времето кое го поминуваме заедно беше единственото кое имаше некаква смисла, па најчесто сосема ја исфрлав од глава идејата дека е мажена“ – продолжува со раскажувањето Макс.
Но, сепак со време сè повеќе сфаќал дека бракот не е нешто кое туку така може да се занемари. Веќе не смеел да ѝ пишува, а состаноците ги договарале со недели однапред.
Еднаш дури и се осудил да ја праша дали спие со сопругот. Нејзиниот одговор дека луѓето во брак не спијат заедно направил да се чувствува среќен, но и да почувствува желба да ја покаже пред пријателите, родителите... да го запознае нејзиниот син.
Времето поминувало, а со секој нов момент тој сè повеќе се прашувал дали таа намерно му дозволува да остави облека во нејзиниот стан, а зошто некогаш била внимателна дури и за најмали ситници.
Никогаш не го спомнал разводот бидејќи се плашел од одговорот, а нејзините божиќни честитки завршувале со прашање „Дали е ова последниот Божиќ кој го поминуваме разделени?“.
Во неговиот хаотичен живот, исполнет со многу работни патувања, ваквата врска се вклопувала одлично. Тој го добивал најубавото од бракот – насмевки, забава, секс – но сепак, недостасувала блискоста и сигурноста на брачниот живот. Ниту една жена која ја запознавал не го натерала да ја изневери Лорен.
И тогаш кога најмалку очекувал добил порака од Лорен во која стоело: „Макс, имаме прекрасна хемија, но ми треба повеќе од она што ти можеш да ми пружиш.“
Она што било најголем шок било дека таа веќе нашла некој друг, па истото му го советува и нему.
Некое време размислувал што да направи и два месеци по раскинувањето го нашол мејлот на нејзиниот маж. Му раскажал сè, од првиот момент до последниот. Тоа било и неговиот последен контакт со тоа семејство.
М. С. | Црнобело