Обожавам кога на сопругот ќе му кажам: Сакам секс со тебе!
Мојот сопруг и јас работиме напорно, имаме деца, немаме баби за да ги чуваат, имаме милион обврски, немаме доволно пари... Се случува кога ќе легнеме да не знаеме ни кој ден е.
Дали да навиеме аларм или не? Во тие ситуации нормално е што не се чувствуваме блиско и поврзано.
Но, тоа не значи дека не сакам секс.
Сексот е нешто што ни овозможува преплетување на уживањата. Нешто што нè зближува и го зајакнува нашиот однос. Нешто заради што сме едно и заради што сме заедно.
За мене, сексот не е само физичка активност, туку многу повеќе.
Мислам дека многу жени ќе се сложат со мене кога ќе кажам дека сексот е само еден од многуте лепила кои ги држат паровите заедно. На жените сексот им е потребен не само заради физичкото доживување кое фантастично опушта, туку и заради љубовта и емоциите кои се поттикнуваат за време на сексот.
Сексот ја потврдува љубовта, ги засилува сите позитивни меѓусебни чувства, создава неверојатно чувство на милина и сласт.
Кога на мојот сопруг ќе му кажам „сакам секс со тебе“, му откривам дека со него сакам да го споделам она најинтимното, најделикатното и најубавото од мене што никој освен него не може да го види.
Сакам подоцна кога ќе се сретнеме на улица, да имаме наша мала слатка тајна. Сакам никој освен нас да не знае дека пред само 20 минути сме биле голи, мокри и залепени еден за друг.
Понекогаш, кога нема секс, сопругот ми недостасува и физички и психички.
Сексот ми помага да знам дали уште сум му привлечна, дали ме сака додека се плеткам низ дома во широка маица, неисчешлана и ненашминкана.
Сакам да знае се за мене. Да ме сака целата, во сите изданија. Кога сака секс со мене бушава и не баш тазе издепилирана, знам дека неговата љубов не е површна, дека ме прифаќа и сака до крај. И тоа е уште еден начин на кој пред него сум гола. И тој пред мене.
Кога сакам секс, сакам повеќе од физичко спојување. Сакам да ме сака и во најлошото издание, да ме сака и кога сум ранлива, слаба и кога мислам дека сум грда.
Чувството дека сме едно тело ме прави посигурна.
Начинот на кој водиме љубов - на брзина, нежно, полека или грубо ми го открива нивото на нашата интимност.
Сексот е детектор на лаги во љубовта. Сексот е магнетна резонанса во односот на еден маж и една жена.
За моите желби и емоции да се помешаат со неговите, за да работиме на усовршувањето на нашата љубов, секогаш ќе му велам „сакам секс со тебе“. И ќе му повторувам одново и одново.
Затоа што сакам мојот сопруг да знае дека е посакуван, сакам да знае колку го ценам и сакам. Сакам и тој мене да ми ги кажува истите зборови како би го почувствувала жарот од кој срцето ќе ми експлодира во заеднички оган.
Добриот секс за мене е потврда дека во нашето мало царство се е во ред, дека можеме да бидеме мирни и задоволни до следниот пат.
М. Д. | Црнобело