Писмо до момчето кое не требаше да го пуштам да си замине

Што би било... Ако се сретневме во некој друг свет, на некое друго место? Што ќе беше ако се запознаевме кога немаше ваков бурен живот? Ќе ми дозволеше ли да бидам дел од твојата борба? Ќе ми дозволеше ли да тргнам во војна со тебе? Рамо до рамо со тебе, да се борам против тие твои демони?

pismo-do-momceto-koe-ne-trebase-da-go-pustam-da-zamine-01.jpg

Што би било...

Ако кажевме што чувствуваме еден за друг и што чувствуваме цело тоа време? Ако се гледавме секој ден и ако спиевме прегрнати секоја вечер?

Што би било да можевме да си праќаме пораки цел ден заради кои ќе се смеевме? Што би било да не се плашевме толку многу од одбивање? Дали сепак би ми кажал дека јас сум единствена? Дали и понатаму би се преправала дека не сакам ништо и би ти кажала дека никогаш не сум те гледала како само пријател?

Што би било...

Ако ти кажам дека не можам да ти бидам пријателка? Што би било ако ти кажам дека секогаш кога ќе те погледнам размислувам за дом. Дека сакам ти да бидеш мојот дом и дека сакам тој дом да го изградам со тебе? Што би било ако успеам да соберам сила да ти кажам дека те сакам покрај себе до крајот на животот?

Што би било...

Ако престанам да се преправам дека нејзиното присуство не ме иритира? Ако ти признам дека секој пат кога таа ќе те допре, јас пребледувам. Дека секогаш кога ќе те бакне, чувствувам горчина на јазикот. Што би било ако знаеш дека секој пат кога она ќе ти шепне „те сакам“, се крши уште едно парче од моето срце.

Што би било...

Ако ти кажам дека таа не те сака? И дека никогаш нема ни да те засака?

Што ако ти кажам дека таа не знае како да те сака бидејќи воопшто не те познава? Што би рекол кога би ти кажала дека знам дека мислиш на мене секогаш кога си со неа? И дека знам колку ти недостасувам во доцните часови кога таа е покрај тебе?

Што би било...

Кога би престанале да си недостасуваме еден на друг додека сме со други луѓе и едноставно решиме да бидеме заедно? Да ги прекршиме сите правила и заедно да побегнеме?

Што би било кога еден ден би се разбудила покрај тебе и конечно престанам да размислувам „што би било...“.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
3 причини зошто некои жени се „магнет“ за лоши мажи и нарциси Ако забележувате дека постојано ве привлекуваат и завршувате во врска со ист тип...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg