Сети се на ова секогаш кога ќе одлучиш да се задоволиш со помалку отколку што заслужуваш
Ако ти е навистина тешко да бидеш сама и не знаеш како да се справиш тогаш продолжи да читаш.
Продолжи да го читаш секој ред од ова што сега ќе го напишам затоа што и личноста која го пишува ова се справува со истово, со единствена разлика што таа не си ги применува сопствените совети, а ги дели на други.
Некогаш, најлесно е да се откажеш, а нкогаш најтешко. Некогаш правилно, а некогаш погрешно. Но, драга моја верувам дека знаеш кој е точниот избор за тебе.
Оној кој без поплака те испраќа дома, кој постојано ти вели дека си убава макар што носиш избледени тренерки, кој ти приредува убави изненадувања – ова е вистинскиот маж кој го заслужуваш.
А, не некој на кој секогаш ќе му бидеш втор избор и „златна резерва“. Со него секогаш нешто ќе недостига - како парче од тетрисот кое не паѓа на соодветното место.
Најтешко е да се откажеш поради стравот дека нема да најдеш некој таков. Но, тој секогаш постои, само треба да помине време додека дојде до тебе. Најтешко е да му кажеш дека е готово, иако посакуваш да ги продолжиш нештата.
Но, во тој момент запрашај се драга моја, ДАЛИ СИ НАВИСТИНА СРЕЌНА?
Ако и покрај сѐ што ќе ставиш на вагата, сепак „не“ преовладува, тогаш знаеш што треба да направиш. Некогаш потребно е да се откажеш од лошото за да му дадеш шанса на доброто да дојде.
Во таквиот случај, најлесно е да се обидуваш да ги направиш нештата да функционираат, но откажи се кога постојано гледаш дека не оди одново и одново и одново. Без разлика колку го сакаш и колку ти значи, ако не те прави среќна, тогаш нема причина да остане во твојот живот.
Запомни го ова драга. И секој пат кога ќе одлучиш да се задоволиш со помалку од она што го заслужуваш, сети се на овие зборови.
С. С. | Црнобело