Ако беше вистинската личност, времето немаше да биде погрешно

Понекогаш вистината е како горчлив лек кој мораме да го проголтаме, но реалноста на љубовта е дека ако една личност е вистинска за нас, тогаш не постои погрешно време.

ako-bila-vistinskata-licnost-vremeto-nemalo-da-bide-pogreshno-01.jpg

Не е времето тоа кое е погрешно, туку илузијата која го зафатила нашиот ум, а другата личност речиси секогаш не можеме да ја допреме.

Во нашите обиди, ние како човечки суштества, едноставно не сакаме да го прифатиме фактот дека само затоа што сакаме некоја личност, не мораме да завршиме со неа.

Нашето его, колку и да е добро за одредени работи, кога станува збор за оние работи на срцето, се чини како само да ги заматува работите - ни вели цврсто да се држиме до некого, кога треба да го направиме она спротивното, да ја оставиме личноста да си замине.

Да, токму тогаш нашето его воопшто не ни е потребно, бидејќи нè убедува дека само времето не е погодено.

Кога реалноста воопшто не е таква.

Проблемот е што не е вистинската личност затоа што, ако ја запознаеме така наречената „судена“ личност не постои нешто што може да се испречи на патот, не постои такво нешто како погрешно време.

Идејата дека сме ја запознале вистинската личност во погрешно време е фраза која ни го залажува умот за да продолжи со ситуацијата која не води никаде.

Ја запозна жената од соништата, но таа веќе е во брак?

Случајно наиде на совршен маж само да дознаеш дека утре засекогаш си заминува од земјата?

Пронајде некој со кој се поврза длабоко, ти се чинеше како да се знаете цел живот, а сепак не останавте заедно?

Ова не се трагични приказни како онаа на Ромео и Јулија, туку знаци дека таа личност не е вистинската, онаа „судената“ со која треба да бидете до крајот на животот.

Тешко е, посебно затоа што истиот дел од мозокот кој ги буди нашите желби и потреби, ја буди и љубовта, тогаш кога љубовта ја заменуваме со минливата страст. Мислиме дека сме заљубени, а всушност фантазираме дека сме допреле до идеалот.

Токму во тие моменти толку сме убедени дека треба да преминеме преку сè затоа што пред нас се нашла вистинската личност и често забораваме да ги погледнеме причините зошто треба да се откажеме, да престанеме безглаво да удираме во ѕидот кој никогаш нема да се сруши.

Постојат причини дури и тогаш кога ни е тешко да ги пронајдеме или прифатиме.

Кога сакаме некого и велиме дека времето се погодило, не мислиме на одреден месец или ден, туку на емоционалната состојба во која се наоѓаме моментално.

Потребно е и двете личности да бидат подготвени на компромис и отворени да ја почувствуваат љубовта за една врска да успее.

Ако запознаеме некој кој навистина ќе ни го преврти светот, со кој инстантно ќе се поврземе и тогаш времето нема да биде проблем.

Ако дошла вистинската личност ќе се погрижиме и времето да биде „вистинско“.

Затоа што сè додека не ја запознаеме таа личност, сè додека некоја личност не успее да дофати дел од нашето срце кое ниту една друга личност не го допрела, времето секогаш ќе биде некој наш замислен проблем, препрека која не можеме да ја надминеме.

Можеме да одбереме да си кажеме дека било погрешно време, а сме ја запознале вистинската личност или едноставно можеме да почнеме да веруваме дека ако некој навистина ни е „суден“ никогаш нема да нè напушти.

Ако љубовта е вистинска и времето ќе биде.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...
Што сакаат жените од нивните партнери за да бидат среќни, според психолозите? Жените сакаат да минуваат квалитетно време со партнерот, без разлика дали ќе раз...
Жена (34) со искрена исповед: „Откако сопругот се здебели, не чувствувам никаква сексуална привлечно... „Повеќе не чувствувам привлечност и никаква желба, каква што има тој. Знам дека ...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg