Според него жените се објекти кои треба да се трудат да го освојат...

Тој сака црвени фустани. Не е важно која жена ги носи. Сака внимание. Не му е важно од која жена го добива. За него жените се објект, а за него треба да се трудат.

toj-saka-crveni-fustani-ne-e-vazno-koja-gi-nosi-i-vnimanie-ne-e-vazno-od-koja-stiga-01.jpg

Му се допаѓа како звучи „Те сакам“, па го изговара само одново да го слушне. Не му е важно на кого ќе го каже тоа.

Мисли дека сака, а всушност посакува да биде сакан без да мора да сака, бидејќи кога некого сакаш тоа е како ветување. А, тој не ги исполнува своите ветувања.

Се прави дека му недостига самодоверба, бидејќи егото добива глисти и повторно огладнува кога не слуша зборови кои го воздигаат неговото постоење.

Како што промискуитетните зборуваат предимензионирано за почитувањето, така тој зборува за довербата.

Добар пријател, ама лош љубовник, човек кој не знае што дошло, а што си заминало. Како слон во продавница кој крши кристали, така тој ги крши емоциите. Случајно.

Тој е фабрика на зборови, самостоен производител на лошо спакувани емоции, првак во освојување, почетник во останување.

Тој е еден од оние кои веат: „Би сакала никогаш да не се појавеше во мојот живот“, а во себе се прашува: „А, којзнае и зошто воопшто се појави?“.

Тој е како седмица на лото за кое сте го изгубиле добитното ливче, најубавиот фустан во продавницата со искинато копче, оладено јадење, потрошен парфем...

Некој кој повеќе кажува кога молчи, бидејќи сите зборови и реченици кои ги кажува, често не ги мисли, а ги кажува само затоа што добро му звучат.

На прашањата одговара со прашања, бидејќи одговорите не му одат во прилог. Од прилозите, најмногу го сака оној за начин: „Како? Така, никој да не (до)знае“.

На крајот ќе остане сам. Оставајќи многу осамени.

И тогаш тој повеќе не е тоа што бил.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Мажот мора да биде повисок: Необични правила за љубовни состаноци и врски од минатото Жените никогаш не треба да го направат првиот чекор, додека мажот секогаш треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg