Мразам да размислувам за нас...

Господе Боже колку си тежок. Толку си тежок за сфаќање, а сепак толку лесно ми оди разговорот со тебе. Со тебе сум ветрушеста и слободна, некако се чувствувам како јас – како сопствена подобрена верзија со нов апдејт.

mrazam-da-razmisluvam-za-nas-001.jpg

Ми даваш самодоверба и правиш да се чувствувам убаво околу тебе. И да, сакам да сум со тебе. Физички, присутна и ти да си присутен. Сакам да слушам како ти поминал денот или некој глупав муабет или да ми кажеш зошто си нервозен.

Сакам комуникација. Сакам да земеме пиво и да пиеме гледајќи изгрејсонца и зајдисонца.

Сакам да те гледам кога ме гледаш. Сакам да ти ја држам косата и вратот. И сакам да те љубам, физички да те љубам. Сакам убаво да се облечеш и да одиме некаде каде има гласна музика и да играме толку силно што нозете 3 дена ќе нѐ болат.

Сакам да ти правам изненадувања – не емоционални, туку романтични онака. Таква сум. Правам глупости, се лутам ама знам и добро да се извинам.

Сакам да ти ги исполнам сите желби. И сакам да пишувам за тебе. Добро e чувството.

И да, знам да бидам напорна, знам да бидам гласна, но можеби и во тоа ми е убавината. Можеби сум неконвенционална и не сум девојка каква што ти би сакал, не дека воопшто ме сакаш ама добро...

Некогаш и воопшто се прашувам како физички завршив со некој како тебе. Имам самодоверба, ама некогаш не се чувствувам доволно убава покрај тебе.

Навистина си убав и фин и шармантен и знаеш како со дама. Толку искрено ми се допаѓаш што не знам да ја довршам реченицата. Не знам што да правам ни со тебе, ни со себе. Бидејќи сакам романса, сакам изненадувања, сакам сѐ, а знам дека не е можно.

Сакам да гледаме филм во природа гушнати под ќебе, сепак морам да ги искористам тие твои силни мускули кои предизвикуваат толку многу нешта кај мене.

Сакам да ти донесам кафе на врата со ливче испрскано со парфем и сакам да се насмевнеш. Пред сѐ сакам да те гледам насмеан бидејќи имаш навистина убава насмевка.

И сега ми се плаче. Не знам зошто, не е до тебе, не е ни до мене. Но, едноставно солзите почнаа да ми навираат во очите и да се лизгаат по лицето.

Мислиш дека имам чувства кон тебе, а ги немам. Можеби полесно ќе беше да ги имав. Знаеш за што. Ама што кога би ги имала кога ти посакуваш друга?

Јас никогаш не сум девојката која некој ја посакува. Јас секогаш сум резервата. И сега не знам што да допишам. Секогаш е „не знам“ со мене исто како со тебе.

И не го довршувам ова. Ме мрзи и не сакам. Затоа што мразам да размислувам. Најмногу што мразам да размислувам е „за нас“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Американка исмеана затоа што промовира правило за среќен брак: „Кој може да си го дозволи ова?“  „На секои 7 дена одиме на состанок, на секои 7 недели…“ Лајфкоуч од САД пр...
15 токсични работи кои ги правите во бракот (и се терор за вашиот партнер) Му превртувате со очи. Покажувате чувство на одвратност на лицето... Го правите ...
Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (1... „Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Најчудните прашања за сексот што младите ги поставуваат на ChatGPT (18+) „Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има вкус ...
Што е „предвремена интимност“ и колку време треба да чекате за првиот секс, според експерт за врски Знаете ли што е „предвремена интимност“? Таа не се однесува само на сексот, туку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg