Како да се ослободите од неговата бивша девојка?

Кога ќе дојде до оваа непријатна ситуација сетете се дека тој е сега со вас и дека за тоа постои добра причина. Сè што било, поминало и повеќе не вреди.

kako-da-se-reshite-od-negovata-bivsha-devojka-01.png

Сепак, позната е ситуацијата на совршен почеток со момчето, вечери, прошетки, пеперутки во стомакот, деноноќно допишување, а потоа доаѓа шокот познат како „неговата поранешна девојка“.

Сите ние имаме љубовно минато. Но, понекогаш не можеме да прифатиме дека истото постои и кај партнерот. Уште пострашно, кога тоа сè уште се поврзува со сегашноста во облик на вплеткување на бившата девојка во неговиот, а со самото тоа и вашиот живот.

Се поставува прашањето, треба нешто да преземеме околу тоа или да ја игнорираме ситуацијата? За жал, игнорирањето воопшто не е можно, бидејќи гордоста не ни го дозволува тоа.

Од друга страна, да преземете нешто секогаш претставува опција, но тоа во ниту еден не подразбира малтретирање и љубоморни испади.

Како прво, со расправиите на неа јасно ќе ѝ покажете дека ја сметате за „препрека“ , а тоа многу брго ќе го нахрани нејзиното его. А потоа , следат проблемите со момчето.

Секако дека ќе бидете лути и нервозни, но обидете се таквите ситуации да ги ограничите на четири ѕида и кафе со пријателките.

Малтретирањето на момчето за тоа зошто бившата сè уште му плетка во животот, само ќе го оддалечи од вас.

Она што ви преостанува е мирен и искрен разговор за тоа што ви пречи и колку ви е важно нејзиното оддалечување од неговиот живот за вашиот мир, со заклучок дека му го препуштате решението за ситуацијата.

Ако навистина воопшто не му значи, тоа нема да му претставува никаков проблем, па така ќе ви покаже дека ве почитува.

Значи, кога ќе настапат такви непријатни ситуации, сетете дека ве одбрал вас и дека е со вас. Сè што било претходно, повеќе не важи. Затоа, не уништувајте нешто што сè уште има своја вредност.

Освен ако не покажува јасни знаци дека сè уште не ја преболел, тогаш време е можеби и на него да заборавите.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
Која секс поза под туш е најбезбедна и ќе ви донесе најголемо уживање, според сексолог? (18+) Безбедна секс поза и нелизгачка постилка во бањата... Што ви е потребно за сексо...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg