22 квалитети кои треба да ги има партнерот со кој ќе одберете да бидете до крајот на животот

Понекогаш заслепени од љубовта и романтичната идеја дека сме ја пронашле сродната душа, забораваме на она што навистина ни треба за партнерството да успее.

22-kvaliteti-koi-treba-da-gi-ima-partnerot-so-koj-ke-odberete-da-bidete-do-krajot-na-zivotot-01.jpg

Љубовта може да е добра причина во првите неколку години, но како што времето ќе одминува, ќе сфатите дека доколку не ги препознавате овие 22 квалитети кај партнерот, големи се шансите да сте во несреќна врска.

Што треба да очекувате од партнерот со кој планирате да го поминете остатокот од животот?

1. Доволно познавање на самиот себеси, затоа што не можете да бидете со некој кој не знае кој и што е.

2. Искреност, затоа што врската нема да преживее без неа.

3. Интегритет, затоа што не можете да бидете со личност која не ја почитувате.

4. Добар хумор, затоа што сè додека се смеете, сè ќе биде подобро.

5. Сила, затоа што ви треба некој кој ќе ве подигне кога ќе бидете слаби и беспомошни.

6. Зрелост, затоа што партнерството е составено од двајца возрасни, не само еден.

7. Компатибилност од самиот старт, затоа што тоа не е нешто на што можете да поработите во иднина.

8. Независност, затоа што љубовта не значи да заборавите кои сте.

9. Посветеност, затоа што тоа е единствениот начин на кој врската ќе се развива.

10. Ранливост, затоа што не можете да бидете со некој без да ги знаете неговите слаби точки.

11. Способност за продуктивна кавга.

12. Несебичност, затоа што себичноста е убиство на врската.

13. Страст, затоа што без оглед на тоа колку долго сте заедно, важно е секогаш да сакате да водите љубов еден со друг.

14. Емпатија, затоа што дури и да не разбира низ што поминувате, потребно е да биде тука и да ви даде поддршка.

15. Флексибилност, затоа што во животот ништо не е загарантирано.

16. Здрава количина на амбициозност, затоа што е важно да бидете со некој кој сака да се развива и да расте.

17. Способност за простување, затоа што никој не е безгрешен.

18. Интереси надвор од вашата врска, затоа што во спротивно врската е осудена на пропаст.

19. Одредена доза на несигурност, затоа што сакате да бидете со човек, не со суперхерој.

20. Љубопитност, затоа што не сакате животот да го поминете со некој кој е изморен од животот на 30 години.

21. Лојалност, затоа што ви треба некој кој ќе се бори и кога вие ќе се откажете.

22. Способност да ужива во малите нешта, затоа што ништо не е поубаво од заедничката вечер помината пред телевизор, со жешка пица и студено пиво.

Би можело да ве интересира:

Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...
15 токсични работи кои ги правите во бракот (и се терор за вашиот партнер) Му превртувате со очи. Покажувате чувство на одвратност на лицето... Го правите ...
Исповед на зависник од секс: „Ја изневерив сопругата со 300 жени уште пред да се венчаме“ (18+) „И покрај неверствата, имав секс и со сопругата скоро секој ден. Неретко бев мно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg