Интимни фотографии од парови кои ја покажуваат љубовта во нејзината најискрена форма
Наталиа Миндру е фотографка која сака да ја долови љубовта во природен облик - нежна, искрена и страстна.
Таа одбира парови кои не ги познава и сè додека не пристигне во нивниот дом, не знае ниту како изгледаат. Единствено комуницира преку социјалните мрежи и не може ни да претпостави што ја очекува.
Токму така ги создава спонтаните фотографии кои понекогаш се нежни, а понекогаш хаотични, но секогаш ја прикажуваат привлечноста меѓу две тела и души.
Сега за сега има направено фотографии од парови од Франција, Германија, Белгија, Шпанија, Италија, Унгарија, Холандија, Португалија, но вели дека е отворена за соработка на нови дестинации.
Ова се само мал дел од најубавите фотографии кои се нејзино дело:
М. Д. | Црнобело