Кога немоќно гледате како го губите човекот на вашиот живот...

Љубовта има моќ да нè обземе, како силно невреме од кое не се бега ја опфаќа целата наша душа, ги окупира сите наши мисли.

koga-nemokjno-gledate-kako-go-gubite-covekot-na-vashiot-zivot-001.jpg

На љубовта и се препуштаме цели, без разум - страсно и безрезервно, жртвуваме сè што имаме.

Љубовта го храни гладот на срцето, оној глад за кој претходно не сме знаеле дека постои. Мечтаеме, посакуваме и секој допир длабоко го врежуваме во нашите сеќавања.

Мирисот на љубовникот потполно нè опијанува, а моментите поминати со таа личност нè внесуваат во еден магичен сон од кој забораваме на реалноста.

Неизмерно сме среќни кога ќе ја најдете вистинската личност, кога ќе си кажеме на себе со насмевка и сјај во очите - „Ова е тоа вистинското“.

Додека еден ден алармот не заѕвони и нè разбуди во суровата реалност.

Се будите немоќни, гледате како магијата одеднаш целосно исчезнала и повеќе во таа личност не гледате сјај во очите, ниту топлина од нејзината душа:

Загубата доаѓа бавно

Еден ден сè е завршено, а тогаш почнуваат немирите - како ситни пукнатини на порцелан, ја најавуваат суровата неминовност на распаѓањето. Едно утро повеќе ништо не е исто.

Чувствувате како во вашиот рај на земјата да надоаѓа некакво прикриено зло, мрачна струја која со себе носи суптилни емоции.

Одеднаш забележувате дека саканата личност повеќе не ве гледа онака како што ве гледала претходно, повеќе не ве допира толку често.

Погледот како да ѝ лута во непознат правец, води љубов со вас, но како да е илјадници километри далеку.

Ги игнорирате овие црни мисли. Си велите на себе дека личноста имала само лош ден, па започнувате да си внесувате празни фантазии во главата.

Но, сомнежот кој гние во вас го прави секој понатамошен бакнеж, горчлив.


Одекнувања во душата

Чувствувате... знаете дека веќе нешто умира и зад себе остава празнина низ која одекнува нечуен крик.

На местото на љубовта која давала живот во вашето срце се вселува некое чудно непријатно исчекување.

Сè повеќе се чувствувате како статист во сопствениот живот, во сè што некогаш било наоѓате сенки и траги.

Секоја мала ситница ве тера на солзи. Плачете, а не знаете зошто плачете.

Додека пешачите на улица, додека гледате млади гушнати парови, деца кои безгрижно си играат, додека ги мирисате чаршафите и ги допирате работите на вашата сакана личност.

Додека во продавница купувате шолји за двајца неколку капки горчливи солзи ви паѓаат на банкнотите, а на продавачката ѝ објаснувате како да ви влегла прашина во очите.

Како неа тоа воопшто да ја интересира, како да може да го забележи тоа...


Исчезнува

Бледнее како мастило на прастара хартија, како холограмска проекција на која се губи сигналот. Зборовите се празни и шупливи. Одекнуваат како низ лимени ходници.

Рацете кога ве милуваат, како да поминуваат низ вас. Воопшто не ги чувствувате.

Како да водите љубов со дух.

Одлучувате дека ќе се борите за вашата љубов. Дека ќе бидете личноста која ќе сака за двајцата. Па целото ваше време го посветувате на личноста.

Верувате дека повторно ќе живее. Ќе се врати.


Сексот станува само секс

Се надевате дека покрај животинските желби, повторно ќе почувствувате нешто, да ја допрете нишката која некако ви избегала од рацете.

Се потите, се превртувате, гледате еден во друг. Завршувате и останувате празни. Ги собирате со себе трагите и си заминувате на различни страни. Незадоволени.


Ве обзема немоќ

Чувствувате како да би ја искорнале целата ваша коса ако можете. Ве обзема без, бидејќи во себе повеќе ја немате таа љубов која можете да ја пренесете на личноста, уште малку сила која можете да ја дадете.

Се колнете себе и денот кога сте се родиле толку слаби. Чувствувате... Знаете дека секој ваш обид е залуден.


Ве обзема страв

Каде ќе одите без него? Сè што знаете е поврзано за таа личност. Секој дел од вашето битие. Сè што сте работеле и граделе заедно во животот.

Не умеете да дишете без таа личност. Не сакате...

Помислувате на празен дом, на допирите на некоја друга личност и од самата помисла се стресувате.

Се гадите од замислата за себе во рацете на некоја друга, сега непозната личност... Од повторно запознавање, од нови приказни за својот живот, одново градење на циглите кои веќе еднаш сте ги срушиле...

Се гадите од самите себе што воопшто помислувате на такви работи.

Се плашите... Се замислувате длабоко во ноќта и ви полазуваат морници. Морници кои ви се провлекуваат низ коските од кои дури ни шалот на баба не може да ве спаси.


Помирувањето со вистината ве ослободува

„Утре е нов ден“ - пркосно вели Скарлет О`Хара.

Не можете да живеете во она што би можело да биде. Си ги собирате парталите во куфер... Оној истиот куфер со кој ја донесовте облеката ва вашето прво заедничко патување.

Куфер полн вера, надеж и љубов.

Повеќе не ве сака. Сонцето повторно зајде.

Некогаш ве сакаше под истото тоа сонце и поради она што останувате и денес.

Патиштата се безбројни. Па, додека ви отчукува срцето во градите, можете да правите што ќе посакате.

Единствено нешто што не можете е да бидете негова.

Таа страница одамна се искина.

Приказната е готова.

Пред вас стои бело парче хартија која чека да биде испишана.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 токсични работи кои ги правите во бракот (и се терор за вашиот партнер) Му превртувате со очи. Покажувате чувство на одвратност на лицето... Го правите ...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...
Знаци дека сте во врска со партнер кој ве контролира (дури и ако не ви изгледа така), според психија... „Сум имал многу пациенти кои биле во врска со партнер кој ги контролира и, во по...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg