Двајца странци кои премногу се познаваат...

Да бидам искрена? Отсекогаш мислев дека јас и ти некако и некогаш ќе завршиме заедно. Ама судбината знае да си поигра со мене. 

dvajca-stranci-koi-premnogu-se-poznavaat-001.jpg

Отсекогаш мислев дека ќе престанеме да се глупираме и двајцата ќе прифатиме, но на крај испадна дека тоа не беа глупости – тоа беше вистината.

Мислев дека засекогаш ќе ги повторуваме истите празни муабети во ниедно време, дека ќе се караме на дождови и испраќаме на станици, но ете, нештата се менуваат. Кој би рекол дека јас и ти толку ќе се смениме? Дека толку ќе се оддалечиме што дали еднаш месечно едниот или другиот ќе се јави за да му го слушне гласот.

Убави времиња беа тие, мораш да признаеш. Ама и сега се. И сега е убаво. Убаво е дека нема повеќе караници и постојано има што да се каже, но чувствувам дека сѐ уште има нешто скриено во воздухот меѓу нас. Нешто што не го кажуваме и го молчиме толку силно како животот да ни зависи од тоа.

 Јас... јас немам што да кријам од тебе. Немам повеќе чувства, само пишувам одвреме-навреме колку да кажам нешто, колку да зборнам и молкот да не ми остане. Не сакам да молчам – и сам знаеш. Сакам да бидам гласна и да си кажам сѐ што сакам – отсекогаш било така.

Ти...ти имаш нешто да кажеш? Нешто да додадеш на овој празен муабет кој сама со себе го правам уште нерасонета и неразбудена? Или можеби имаш нешто да додадеш во писмена форма? Ако, прифаќам и така.

Толку многу се променивме, не ми се верува. Искрено, не ми се верува ни дека сѐ уште знаеме муабет да направиме после сите тие нешта. Чудно е, мора да се признае. После толку многу време, после толку многу случувања, повредувања, лаги, измами и што не, јас и ти сепак комуницираме. Некогаш празно, некогаш полно, некогаш со лутина, некогаш со по некое жарче скриено во устите, ама разговараме.

Мило ми е што е така. Знаеш, сфатив дека најдобро е така за двајцата. Да бидеме безбедни од канџите на другиот. Затоа што двајцата сме опасни по животот – јас жарам, а ти ги смрзнуваш нештата околу тебе.

Велат, огнот со вода се гасне, но јас и ти никогаш нема да згаснеме. Ова не е љубовна приказна, нити пријателска. Да бидам потполно искрена, веќе се изобличи и изгуби форма што и воопшто да беше. Нека биде муабет. Нека биде само еден муабет помеѓу странци кои премногу се познаваат.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
Што сакаат жените од нивните партнери за да бидат среќни, според психолозите? Жените сакаат да минуваат квалитетно време со партнерот, без разлика дали ќе раз...
Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (1... „Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку...
Знаци дека сте во врска со партнер кој ве контролира (дури и ако не ви изгледа така), според психија... „Сум имал многу пациенти кои биле во врска со партнер кој ги контролира и, во по...
Што најмногу гледале Македонците на Pornhub во 2023? На деталниот приказ по најгледани категории на филмови за возрасни се најде и Ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg