10 работи кои треба да ги правите за партнерот секоја година
Зарем немате чувство дека годините некако незабележливо поминуваат сè побрзо и побрзо?
Времето секако дека поминува многу брзо, а кога сте во врска, важно е правилно да ја искористите секоја секунда која ја поминувате заедно.
Ако сте во потрага по начини на кои ќе се поврзете со вашиот партнер на подлабоко ниво и ќе уживате во секој момент поминат со него или со неа, ви нудиме листа на работи со кои можете да внесете свежина во врската и дополнително да ја зацврстите.
1. Секоја година барем еднаш треба да отидете на патување, само вие двајца
Патувањето во пар, без пријатели е одличен начин за повторно разгорување на љубовните искри меѓу вас и вашиот партнер. Времето поминато сами ќе ви помогне да се опуштите и да заборавите на секојдневните проблеми кои постојано ве прогонуваат.
2. Секоја година треба да му дозволите на партнерот да оди на одмор сам
Истражувачите од Универзитетот во Јута откриле ги проучувале паровите кои поминуваат време одвоени. Тие изјавуваат дека кога еден пар е одвоен, партнерите може и не уживаат толку многу како кога би биле заедно, но исто така немаат и толку многу шанси за расправи како кога би биле заедно.
3. Секоја година треба да направите нешто интересно за неговиот/нејзиниот роденден и вашата годишнина
Како двојка, поминувате многу време во работи кои и двајцата ги сакате, но постојат посебни моменти кои заслужуваат да се одбележат. Родендените и годишните се значајни датуми за кои можете да се потрудите да ги направите поинакви од другите денови.
Секако, вашиот партнер ќе ви каже дека не очекува подарок но сепак подарокот не е најважното нешто, важно е вниманието кое вие сте го посветиле да го направите денот посебен.
4. Барем еднаш во годината треба да се почестите со луксузирање во ресторан
Кога последен пат се дотеравте и си дозволивте себеси ноќна романса во форма на вечера само за вас двајца? Ако вашиот одговор е на почетокот од врската, време е да ја прекинете рутината и да си дозволите едно романтично вечерно излегување.
5. Преземете некое од редовните задолженија на партнерот
Вашиот партнер е одговорен за одреден дел од домашните обврски. Ако не повеќе, барем еднаш годишно изненадете го и преземете ги вие неговите обврски дозволувајќи му да ужива во слободното време.
Исто така не треба да му укажете дека и тој/таа треба да го направи истото за вас, но верувајте во моќта на реципроцитетот. Или барем ќе ви се оддолжат со одлична ноќ во кревет покажувајќи ви колку го ценат тоа што сте го направиле за нив.
6. Секоја година треба да го посетите местото каде првпат сте се запознале
Вашиот живот се променил во моментот кога сте ја сретнале вашата сродна душа и оттогаш сте среќни што го имате него/неа во својот живот. Покажете му на вашиот партнер колку ви е важен тој ден така што ќе го посетите местото каде сте се запознале.
7. Секоја година треба да му напишете на партнерот љубовно писмо
Искажувањето на чувствата на хартија е многу поедноставно од тоа кога треба да ги изговорите. Можете да опишете како се чувствувате кога ќе забележите насмевка на неговото лице или што чувствувате кога тој/таа ќе ве допре.
8. Секоја година треба да направите нешто посебно за вашиот партнер
Дури и да немате некакви изразени уметнички способности за цртање или пишување, можете да го зготвите неговото омилено јадење или омилениот десерт. Можете да му кажете дека секогаш кога го подготвувате тоа јадење тој/таа ви е е во мислите.
9. Секоја година треба да научите нешто ново за вашиот партнер
Најверојатно учите нешто ново за партнерот повеќе од еднаш во текот на годината но обидете се барем еднаш годишно да поставите прашање благодарение на чиј одговор ќе научите нешто ново за него.
10. Секоја година треба да медитирате со партнерот заедно
Истражувачите откриле дека медитирањето, молењето, зависноста и романтичната љубов, сите споделуваат слични невролошки патеки во мозокот. Овие центри во мозокот ослободуваат допамин, кој дава чувство на задоволство во нашето тело и може да предизвика зависност.
М. С. | Црнобело