5 работи кои ги научив од сексот без обврски

Живееме во време кога врските и љубовта не се строго дефинирани - можат да значат буквално сè. За некого тоа значи отворено изразување на емоциите и во јавност, а за некого строго одржување само на сексуални односи.

5-raboti-koi-gi-nauciv-od-seksot-bez-obvrski-01.jpg

Како може да се дефинира сексот без обврски? Ми се чини дека никој не може да каже со сигурност. Сексот по дефиниција е најинтимната работа која може да се случи меѓу двајца. Па, што тогаш значи кога некој ќе каже сакам секс, ама без емоции?

Она што ме буни веќе некое време е како да го пронајдам балансот меѓу тоа да бидам сингл и независна, без да се сведувам себеси на „повик за една вечер“.

Знам многу жени кои можат да имаат секс за една вечер без никаква емоционална врска, но случајот не е таков со мене. Подобро би ја поминала вечерта пред телевизор отколку да глумам оргазам пред непозната личност.

Со било кој од момците во моето минато со кои сум имала секс, барем сум била заинтересирана за нив. Понекогаш ни се случувало да вечераме заедно, да излеземе некаде во јавност заедно, сме имале што да си кажеме.

Но, очигледно ова веќе не влегува во групата на „секс без обврски“ не?

Кога сексот без обврски веќе влегува во групата „пријатели со привилегии“ трае многу краток период - или мора да продолжи понатаму или повеќе нема да се гледате. Ако и двајцата уживате да бидете еден покрај друг и надвор од креветот, тогаш веќе постојат емоции.

Но, ова не значи дека под итно треба да влезете во моногамна врска. Зошто би морале да имаме толку ограничени опции?

Ние сме генерација која едноставно по секоја цена одбива да признае дека има чувства кон некого. Мислиме дека тоа не прави слаби или дека на тој начин ги губиме слободата и независноста.

1. Често одбираме луѓе кои не сакаат да се врзуваат затоа што и самите не сакаме да се врзуваме за некого

По серија разочарувања немав друг избор освен да се анализирам себеси. Забележав шема на однесување.

Запознавам момче, започнувам да му верувам и потоа одеднаш се претвора во џиновска снегулка која исчезнува на првото сонце.

Потоа се обвинував себеси, дека сум доволно глупава и неспособна да почувствувам некаква емоција. Што ли си мислев? Откако сфатив зошто одбирам такви типови, мојата перспектива се промени.

Одбирав момци кои се емоционално нестабилни и не дозволуваат некој да продре во нивната душа. Со други зборови, сакав да бидам покрај некого, тогаш кога длабоко во себе знам дека нема да го добијам тоа што го барам.

Сфатив дека и јас не дозволувам некој да влезе во мојот живот. Секојпат кога некој ќе побараше нешто посериозно од мене, полудував. Барав момци со неколку типови на изговори - „само што излегов од сериозна врска“, „не сакам ништо сериозно“, „сакам да се фокусирам на мојата кариера“...


2. Се опседнуваме со однесувањето на другата личност

Постоеа времиња кога со часови размислував и се обидував да го рационализирам однесувањето на типот со кој во тој период бев во некаква врска.

Зошто не сака да излеземе? Зошто една недела со часови ми зборува и ми пишува, а потоа цела една недела никаде го нема? Прашања и прашања, а на ниту едно од нив немав одговор.

Ако некој се однесува така со вас, топло, ладно, па повторно топло и повторно ладно престанете да се мачите - седнете разговарајте и на крајот ако треба и заминете си засекогаш. Ако некој си поигрува со вас, повеќе од јасно е дека не знае што сака, па на вас останува да одлучите и за двајцата.


3. Колку побрзо започнува, толку побрзо завршува

Ова можеби не важи баш за секого, но од мое лично искуство, кога имате со некого секс толку бргу логиката се исклучува.

И двајцата сте водени од ендорфините и возбудата, одеднаш мислите дека некого познавате, а воопшто не сте во право. Само ја поврзувате личноста со вашите идеали.

Сексот креира илузија дека сте во врска, без да има некаква основа за тоа. Одеднаш сфаќате дека не сте биле во право и дека морате да си заминете што е можно побрзо.


4. Што да направите кога ве избегнува?

Не го сфаќајте ова во онаа буквална смисла - секс за една вечер и потоа никаде го нема, туку онаа потрауматичната кога полека но сигурно откривате дека некој си игра топло ладно со вас.

Оној момент кога ќе започне во последен момент да ви откажува планови, да „заборава“ дека требало да ви испрати порака или да ви одговори на некоја порака, кога не сте нервозни, туку само малку вознемирени.

Посебно кога ќе се видите и ќе се преправа како ништо да не се случило.

Не ме сфаќајте погрешно, не очекувам од некој постојано да ми се јавува, но ако веќе сме се одлучиле за секс без обврски да добијам повик назад во наредните 72 часа.

Од друга страна, го разбирам и тоа однесување. Како прво, личноста сака да ви даде до знаење дека не сака сериозна врска, а како второ, сака потврда. Емоционална несигурна личност преку вашата реакција може да утеши себеси.


5. Не сте луди што барате некој да ве почитува

Од некоја причина мислев дека спротивното на кул е да бидеш луда. Зошто едноставно не можеш да бидеш нормална девојка со стандарди?

Моите погрешни ставови во минатото ме доведоа до таа ситуација да одбирам погрешни момци, а реалноста е дека само ја губите вредноста на тој начин. Тоа што имате барања од некого не е ништо страшно.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+) Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се под...
Најголеми грешки што ги прават партнерите по разводот, според адвокатка на славни личности Ким Кардашијан, Бритни Спирс, Аријана Гранде, Анџелина Џоли, Џони Деп, се дел од...
За каков секс фантазира секој хороскопски знак? (18+) Скорпиите сакаат сензуални допири. Но и врзани очи, за да го откриваат вашето те...
„На 74 години имав најисполнет сексуален живот“: Познатите дами за сексот над 50-тата година „Еден од најголемите митови е дека ја губите сексуалноста со текот на годините“,...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg