Дали вашата девојка е диктатор?
Можете ли да се сетите кога последен пат сте го кажале вашето мислење за нешто? Кога самостојно сте донесле некоја одлука? Дали секогаш морате да го оправдате секој ваш чекор? Има ли тоа врска со однесувањето на вашата девојка?
Постојат тип на девојки со диктаторско однесување кои секогаш сакаат работите да бидат по нивно. Тоа понекогаш е спакувано со зборовите дека таа само се грижи за заедничкото добро, дека таа знае повеќе од вас за таа тема...
Од друга страна постојат мажи на кои тоа им одговара, но има и такви на кои навистина им пречи.
Ако спаѓате во втората група на мажи, ова се само дел од знаците дека вашата девојка е апсолутен диктатор:
- постојано ви се јавува и ве проверува кај сте
- таа ја планира вашата кариера
- таа го планира заедничкиот буџет
- таа е секогаш во право и знае сè
- таа ги носи сите заеднички одлуки, но и оние кои се само ваши
- таа ги бира вашите пријатели
- таа одредува колку често ќе се гледате со вашето семејство, без разлика дали ви приговара дека се гледате премногу често или пак зад грб ви договара средби со нив
- таа ви го планира слободното време
- сите работи во домот мора да бидат на местата кои таа ги избрала.
Во колку ја пронајдовте?
М. С. | Црнобело