4 идеи за Валентин со кои ќе го воодушевите неромантичниот партнер
Св. Валентин само што не пристигнал и ако сте приврзаници на овој празник тогаш сигурно го барате совршениот подарок за партнерот. Но, што ако вашиот партнер не е љубител на романтиката?
Тогаш, смисливме неколку идеи кои тој навистина ќе ги цени:
1. Патување во природа
Прескокнете ја вообичаената романтична вечера во скап ресторан и одберете некоја планина за пешачење, одете на риболов или на кампување.
Одете во друг град и истражувајте ги атракциите, посетете забавен парк – сѐ што мислите дека ќе го прославите денот без многу романтика. Тој ќе сфати дека тоа го правите за него, а не затоа што мора да го славите.
2. Спорт
Без разлика дали станува збор за куглање, фудбал, рагби, кошарка или било кој друг спорт, поминете го денот играјќи го неговиот спорт. Или може да му купите карти за некој натпревар и да го изненадите со нив. Ваквиот подарок сигурно ќе му се допадне.
3. Филмска вечер
Ако двајцата сте повеќе интровертни и љубители на филмови, тогаш подгответе храна и грицки кои можете да ги делите додека гледате некој тотално машки филм. Одбегнувајте ги романтичните комедии. Гледајте го филмот внимателно дури иако не го разбирате. Слушнете го неговото мислење за филмот и правете му друштво.
4. Машка храна
Барем еден ден заборавете на диетата и ако сака да ве носи во ресторан, кажете му дека ќе одите само ако вие одбирате каде. Штом ќе се сложи (а, сигурно ќе се сложи) одберете ресторан каде служат „машка храна“ и не може ни да се почувствува романтична атмосфера.
На почетокот можеби ќе се запраша зошто го правите ова, но на крај ќе сфати дека го правите тоа за да го направите среќен и за да му биде удобно – а тоа е најдобриот подарок.
С. С. | Црнобело