4 ситници кои ги прават само среќни парови
Сите среќни парови имаат свои мали ритуали кои ја одржуваат нивната врска силна низ годините.
Понекогаш сето тоа изгледа како тие да имаат некакво магично стапче со кое ги решаваат сите проблеми.
Но, всушност не постои никаква магија, туку само неколку едноставни правила:
1. Секогаш бакнете го/ја за добра ноќ
Ова можеби изгледа премногу едноставно, но бакнувањето на вашиот сакан/а и кажувањето „Добра ноќ!“ пред да си заминете е многу важно. Дури и по цена да задоцните на работа, секогаш најдете време за овој мал гест. Погрижете се овој мал ритуал да стане ваше традиција со која ќе му покажете на партнерот/ката колку ви значи.
2. Најдете време за разговор секој ден
Ова е неопходно и важно доколку сакате да имате добра врска. Прашајте го партнерот како му поминал денот и раскажете му за вашиот. Направете да почувствувате како да сте биле таму и покрај него дури и кога тоа физички не било возможно. Генерално, паровите често ја запоставуваат оваа навика и не знаат дека има моќ да ја зајакне или уништи вашата врска.
Никогаш не го одложувајте разговорот за утре. Ова одложување може лесно да се претвори во навика. Доколку го игнорирате разговарањето со вашиот партнер, лесно ќе биде да ја игнорирате и важноста на следниот ден. Не мора да ви објаснуваме што ќе се случи следно...
3. Никогаш не престанувајте да кажувате „Те сакам“
Овие зборови никогаш не ја губат својата вредност. Тие ќе го имаат истото значењето кое ги имале кога сте ги кажале прв пат дури и после 30 години брак.
Луѓето поминуваат низ сомнежи и стравови дури и во најдобрите денови од врската – тие може да се грижат дека не се доволно атрактивни или дека веќе не се доволно добри за своите партнери. Многу лесно може некој да почувствува дека љубовните искри згаснале, особено кога нештата ќе почнат да изгледаат како стекната рутина.
Поштедете го вашиот партнер од овие негативни мисли така што секојдневно ќе му/ѝ кажете колку го/ја сакате. Направете го тоа и ќе ја видите најубавата насмевка на лицето на они кои ги сакате.
4. Постојано изненадувајте се меѓусебно
Ова не значи дека треба да отидете и му купите на партнерот некаков скап подарок или да го однесете на вечера во некое луксузно и отмено место. Тоа може да биде најобичен бакнеж на лицето кога тој/таа не очекува или кажувањето колку сте среќни што имате некој како неа/него покрај себе. Дури и најмалото изненадување има сила на огромна искра во врската.
М. С. | Црнобело