Нереални очекувања кои можат да го уништи вашиот љубовен живот

Луѓето поставуваат многу очекувања кога станува збор за односите и врските. Само прашање на време е кога ќе се разочараат поради нереалните очекувања од луѓето. И мажите и жените ги поставуваат нереалните цели и очекуваат сè да биде добро.

nerealni-ocekuvanja-koi-mozat-da-go-unistat-vasiot-ljuboven-zivot-01.jpeg

Ова се нереални очекувања кои можат да го уништат вашиот љубовен живот:

Јас сум на прво место

Многу луѓе мислат дека секогаш треба да бидат на прво место во животот на нивниот партнер. Но, ние живееме во свет кој бара од нас да бидеме фокусирани на повеќе работи одеднаш, од нашите работни места, инвестиции, семејство, пријатели... Понекогаш не можете да имате доволно време за вашиот партнер. Морате да сфатите дека е во ред партнерот понекогаш да ви биде на второ место.


Без расправии

Нереално е да мислите дека расправиите можат да го уништат вашиот однос. Конфликтот не е најлошото нешто што може да ја наруши вашата врска. Несогласувања ви даваат можност да разговарате за некои работи кои се важни за вашата врска. Се разбира, мора да знаете кога да ја повлечете линијата.


Нема потреба од било кој друг

Идејата дека не ви треба никој друг во вашиот живот е само лош мит. Еден човек не може да ги исполни сите ваши социјални потреби, што порано го сфатите тоа, толку подобро. Луѓето околу вас можат да ви понудат поддршка која вашиот партнер не може. Не ги занемарувајте вашите пријатели и не заборавајте да останете во контакт со членовите на семејството.

„Разбери ги моите чувства“

Вашиот партнер не може да ги чита вашите мисли, па не очекувајте од нив секогаш да знаат како се чувствувате и што мислите. Ако не се изразувате никогаш нема да бидете во можност да го смените она што не ви се допаѓа.


Мора да бидеме заедно

Нема потреба да бидете заедно 24/7. Одвоите време за себе и инвестирајте во вашите желби и пријателства.


Секогаш ќе бидам задоволен

Нереално е да се верува дека ќе бидете 100 проценти исполнети во вашата врска, особено ако не работите на тоа. Секој однос бара љубов, посветеност и грижа.


Сексот ќе биде одличен секогаш

Заблуда е да се верува дека сексот ќе биде одличен секогаш. Само е прашање на време кога и на двајцата ќе ви снема идеи и трикови да се импресионирате едни со други. Сексот со текот на времето ќе стане рутина.


Секој мора да го сака мојот партнер

Други нереални очекувања на кои треба да внимавате е верувањето дека секој ќе го сака вашиот партнер. Напротив, постои шанса дека некој нема да има високо мислење за вашиот партнер. Дали тоа ќе биде вашиот татко, најдобриот пријател, колега... Вие треба да знаете како да се справите со ова без отуѓување од вашите пријатели или вашиот партнер.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто жените над 40 години сакаат да се состануваат со помлади мажи? „Младите мажи се поатрактивни и поенергични, плус добиваат ерекција за миг. Исто...
Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Жени споделуваат смешни (и засрамувачки) незгоди од секс за време на бременост „Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да права... „Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg