Бато, зошто чувствувам како дел од мене да недостига?

Секојдневно трагаме по сопствената среќа, неуморни и упорни во желбата да ја најдеме ние се провлекуваме низ најразлични ситуации, некогаш несвесно во таа потрага забораваме да ги провериме наједноставните места, сметајќи дека патот до среќата мора да е оној најтешкиот.

batko-zosto-cuvstvuvam-praznina-01

Беше петок навечер, некаде после празниците и покрај тоа што сите одмараа јас како студент морав да ја завршам семинарската до предвидениот рок. Бев целосно занесен, обидувајќи се да ја направам колку што е можно подобра. Одеднаш слушнав тресок кој ми ја одзеде цела концентрација. Брат ми влезе во собата како ураган и целосно занесен, подобро речено изгубен, се плесна во креветот испуштајќи звуци на задоволство.

Станав од столот со намера да ја започнам новата светска војна базирана на неговото недолично влегување во еден часот навечер. Тој се заврти и воздивна уште еднаш, со воздив на задоволство, јас се сепнав. Во очите му видов сјај кој дотогаш го немав забележано, неговите заби сјаеа од неговата неконтролирана насмевка која не можеше да ја задржи. Колку и да се обидував да делувам луто, не можев, неговата состојба ми ја стопи цела нервоза, немав доволно материјал за да му се развикам.

„Бато не ми замерувај, но јас вечерва го изгубив срцето“ - рече тој со истата возбуда, можев да забележам дека ме гледа, но не беше физички присутен, лебдеше.

„Будало, како мислиш го изгуби срцето, слези од твојот облак за да можеме разумно да зборуваме“ - му возвратив јас со насмевка.

“„Бев на состанок, со девојката која го украде моето срце. Се изгубив, сигурно ли е ова јаве? Нејзините очи, ох, мора да ги видиш за да ја разбереш магијата која опива. Нејзиниот поглед ме скамена како да е некоја митска медуза, се губев секогаш кога ќе ја погледнев, заборавав што беше следно во сценариото за мојот лик. Нејзината насмевка ме тераше да си го заборавам името, намерно, јас не сакав. Јас само сакав да ја милувам нејзината коса, да остане вечно на моето рамо и да се гали како мало зајче со своето носе на моето рамо. Самата нејзина појава е она што мене ми требаше, она што ми го исполнува светот. Со неа покрај мене, секој предизвик изгледа многу мал, јас ја сакам од дното на срцето иако досега вака не сум се почувствувал, можам со сигурност да кажам дека таа е ТАА!

Но, зошто не можам да се сетам на нејзиното лице?

Зошто чувствувам некаква празнина?“ - го заврши својот говор збунето.

„Ах, мојот брат се заљубил, му се познава по говорот му се познава по очите, но уште повеќе му се познава по неговите прашања.

Дозволи ми да ти раскажам зошто не можеш да се сетиш на нејзиното лице. На тебе влијаел љубовниот прав на заборавот, секогаш е така, ја имаш тука те опива со нејзината појава, но не можеш да кажеш како точно изгледа. Ти стои во главата, во мислите, а сепак не можеш точно да ја видиш, тоа е затоа што ти си бил заробен во нејзината појава без да посветиш внимание на позитивните и негативните карактеристики на самата девојка.

Додека празнината која што ја чувствуваш, не сакам да те исплашам, но тоа се нарекува љубов, вистинска љубов. Ти веќе не си едно, се втурнуваш во нешто што има ново име и престануваш да бидеш „јас“, стануваш „ние“. Секој кој што се впуштил во таква заедница му недостасува другата половина за да биде целосен. Можеш да се заблагодариш на бога за таквите чувства, многумина многупати пробуваат, но навистина е тешко да пронајдеш заедничка среќа со некој кој ти значи сè. Ако навистина си ја пронашол, мене ми е полно срцето многу повеќе од тебе. А, сега легни и сонувај, ако воопшто можеш да заспиеш господине Заљубенковски“.

Тој само се смееше, не престана да се смее од неговото влегување, до неговото заспивање, дури и спиеше со насмевка.

Јас го гледав со некое задоволство кое не можев да си го опишам, се чувствував исполнето, исто како денот кога јас ја најдов мојата девојка заради која почувствував празнина и дупка во меморијата.

Ми беше мило што моето помало братче ми ја исполна собата со радост и животот со среќа. Ме натера да заборавам на се и да се потсетам колку магично е кога некој ќе се заљуби.

Тој беше дијамант сам по себе, а по сјајот во неговите очи можев да забележам дека видел друг дијамант. Го исклучив документот на кој работев и место научен текст, везев љубовни букви за добра ноќ, инспирирани од брат ми кој беше се заљубил до уши.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најчудните прашања за сексот што младите ги поставуваат на ChatGPT (18+) „Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има вкус ...
5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
3 причини зошто некои жени се „магнет“ за лоши мажи и нарциси Ако забележувате дека постојано ве привлекуваат и завршувате во врска со ист тип...
„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – З... „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе на страна и ми кажа дека тре...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg