Писмо до сопругата на мојот дечко: Го бакнав пред вашата врата, кога ти славеше роденден
Една девојка конечно ја прекинала љубовната афера со мажот на нејзина познаничка и одлучила сите емоции како и целата приказна да ја преточи на лист хартија.
„До сопругата на мојот дечко,
Неоспорно е дека направив многу лоши работи и сè без жалење или каење.
Го бакнав на влезот пред вашата куќа, додека ти во дворот имаше забава по повод твојот роденден. Не сакав да го разбудам откако заспа по сексот за цела ноќ да ја помине кај мене.
Вложував многу за да остане подолго кај мене, подолго отколку што планираше за да мора да брза накај дома, без претходно туширање. Сигурно мирисал на мене кога се појави пред вратите на вашата спална соба. Уживав во тоа.
Сè започна тогаш кога мислиш дека почна, интуицијата не те лажеше. И тоа тој ден кога бевме на заедно излезени. Се сеќаваш како ме смееше таа вечер? Твојот инстинкт не те излажа.
Со недели ја криев нашата афера. Меѓутоа една вечер, по неколку чаши вино, сè ѝ признав на мојата пријателка. Моментално ме мрази поради тоа.
„Како можеш, како жена, да и го правиш тоа на друга?“ – ме праша.
И другите мои пријателки кои се во брак се огорчени, а моите оженети пријатели ме поддржуваат. Ми завидуваат.
Никогаш не ја разбрав изјавата на една моја пријателка дека сум прекршила некаков таен женски договор. Не верувам во преданоста која ние како жени треба да ја имаме една кон друга. Верувам дека си должам на себе да се заљубам и да бидам заљубена што е можно подолго. Се согласувам со она што го има кажано Вуди Ален: „Срцето сака што сака“.
Помина година дена откако твојот сопруг ја прекина врската со мене. Не го направи тоа заради тебе и за да го зачува вашиот брак. Го направи тоа, затоа што дојдовме до оној степен кога врската ми нанесуваше повеќе болка отколку среќа. Знаеше дека тебе и децата никогаш нема да ве остави. Знаеше колку ме боли секојпат кога ќе ме бакне, а ќе се врати назад кај тебе.
Ти ме мразиш и ќе ме мразиш, го знам тоа. Но, некогаш би сакала да можеме да разговараме. Би сакала да се сретнеме и да ти кажам зошто го правевме тоа.
Кога би се сретнале, би сакала да ти кажам една работа. Не сум лоша личност, не сум бесчувствителна. Би сакала да ти ја кажам мојата приказна за да имаш причина да се чувствуваш подобро.
Една вечер се шетав и поминав покрај еден ресторан каде вие двајца бевте на состанок во петок навечер. Погледнав преку прозорецот и ве видов вас двајца. Имав чувство како тој момент да трае цела вечност. Ги видов неговиот поглед и заводлива насмевка кои беа насочени кон тебе. Она што го видов таа вечер, ми предизвика толкава болка колку што ти ја нанесов и јас на тебе...“
Н. Г. | Црнобело