Ситници кои го прават секој љубовен состанок одличен
Многу работи поврзани со љубовните состаноци се стресни и тешки и прават да посакате никогаш да не се одвоите од вашиот кревет и мобилен телефон.
Но, понекогаш ќе отидете на состанок и се случуваат неверојатни нешта. Па ако се случи некоја од овие работи додека сте со некоја посебна личност, радувајте се.
1. Кога наместо да се преправате дека не сте гладни и ќе јадете само салата - одите на огромни у вкусни хамбургери.
2. Кога другата личност е загрижена и сака да се погрижи дека безбедно ќе стигнете дома.
3. Кога добивате комплименти за облеката која ја носите и сте ја бирале специјално за таа пригода.
4. Кога ви се јавуваат за да се договори средба, наместо да си пишувате пораки.
5. Кога правите нешто лошо заедно и сте многу возбудени дека животот го живеете опасно.
6. Кога се почитува мислењето на другиот без да се наметнува сопственото.
7. Кога имате заеднички интереси и кога се трудите да слушнете нешто што го интересира другиот.
8. Кога взаемно си поставувате прашања, а не едната личност да се чувствува како да прави интервју.
9. Кога ќе добиете порака дека убаво сте си поминале или пак за добра ноќ.
М. Д. | Црнобело